Објавено на:

Вонреден надзор на Клиниката за психијатрија поради докторката што ги терала децата да се поврзат со душите на загинатите пријатели

t

Министерството за здравство на Србија нареди вонреден надзор на Клиниката за психијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Белград, поради приговорите на родителите на девојчето кое загина во трагедијата на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ на работата на лекарката Ранка Радуловиќ од оваа клиника.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека „Клиниката ќе изврши внатрешна ревизија со која ќе се утврдат сите факти поврзани со конкретниот настан на 5 мај на кој се однесуваат забелешките.

На 4 мај, веднаш по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, со цел психолошка поддршка на учениците, наставниците и родителите, Министерството за здравство формираше стручен тим, се наведува во соопштението.

Таткото на едно од убиените девојчиња вчера за медиумите изјави дека веднаш по масовното убиство во тоа училиште, во кое беа убиени девет деца и чувар на училиштето, а ранети наставничка и пет деца, доктор Радуловиќ ги однела учениците во канцеларија каде што свирела народна музика и им предложила да се поврзат со душите на паднатите пријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград ќе биде домаќин на финалето на…

Белград ќе биде домаќин на финалето на…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…