Во „БМВ“ на скопјанец најдени 11 мигранти од Сирија
На 12.09.2022 во 10:15 часот пред тунел Јаворица, на автопатот А1 во правец Гевгелија-Демир Капија, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ, Полициска станица Богородица, го лишиле од слобода П.Ч.(22) од Скопје.
При контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.
Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…