Во македонската тајна служба ќе се вработуваат најдобрите студенти

t

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски и проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговарало за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Како што соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски“, била истакната заедничка заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри.

Дел од најдобрите студенти од областа на безбедносните науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и другите Универзитети се вработуваат во Агенцијата за национална безбедност, заеднички констатирале на средбата директорот Димовски и проректорот Ѓуровски.

Во изминатата година најмалку пет студенти со највисок постигнат просек на студирање од УКЛО беа вработени во АНБ. Се планира во престојната 2022 година да продолжи вработувањето на најдобрите студенти од измината академска година од УКЛО, односно безбедносните науки врз основа на утврдената законска и безбедносна процедура.

Проректорот Ѓуровски најавил дека ќе достават листа на најдобрите студенти во изминатите две години, со цел преку утврдената постапка на законска селекција Агенцијата за национална безбедност да одлучи најмалку пет од нив да вработи во редовен работен однос.

Воедно, во престојониот период ќе се интензивира соработката од областа на заеднички интерес, како што се: практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани.

Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата. – Пренесува Опсервер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…