Во Неготино презентација на воена опрема

t

На спортскиот комплекс во Неготино денеска од 16 до 18 часот, ќе се реализира отворена презентација на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22 ”

.Граѓаните на Неготино и околнината ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од страна на армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена вежба во Република Македонија.

Покрај презентацијата, присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Вежбата „Swift Response 22″ која се уште е во тек, е досега и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираа воздушни десанти во поголем обем. Во вежбовните активности кои се изведуваат во Република Македонија учествуваа армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Македонија.

За време на изведување на вежбата, покрај големиот број комбинирани вежбовни активности во воздух и на копно се спроведоа и повеќе активности од цивилно воена соработка, меѓу кои беше и приказот на воздухоплови на спортскиот аеродром Стенковец, кој се одржа на 8 мај, како и претходно изведениот заеднички концерт на припадници од воените оркестри на Армијата на Република Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден е починат маж кај гостиварското село…

МВР информира дека синоќа околу 22.55 часот…

Втор случај со починато бебе во Неготино…

Бебе на возраст од неколку недели починало…

Труел кучиња: Кривична пријава за 62-годишен жител…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог…

Маж од Неготино фатен со кокаин во…

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33)…

Приведена наставничка од Неготино по пријава е…

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне,…