Во сабота – „Марш за ангелите“ од 16:05 ч. во Кочани
Ве известуваме дека во сабота, 11 октомври 2025 година, со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“ – мирен марш посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година.
Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме.
Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè.
Здружение на граѓани „16-Март 2025 г. Кочани“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…