Во странство се лекуваат 11 пациенти од трагедијата во Кочани
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски сподели со јавноста дека во странство се уште се лекуваат 11 пациенти кои останаа повредени во пожарот во кочанската дискотека. Сите се во стабилна состојба.
Во Атина имаме двајца пациенти, во Солун еден, во Србија имаме четворица пациенти, во Австрија имаме еден стабилен пациент. Во Словенија има еден пациент кој што посетува рехабилитација. Во Истанбул имаме двајца пациенти.
Според Андовски, од утре во Кочанската болница ќе се вршат прегледи и повторно ревалуација на сите пациенти кои што се вратени од странство, но и сите кои беа третирани во нашата земја, за да се утврди потребата од понатамошна рехабилитација. Доктори ќе доаѓаат од повеќе здравствени установи во државата.
Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.
На денешната прес-конференција беше соопштено дека Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…