Во штаб не биле информирани: Кочани има аплицирано на повикот на Владата за превенција од пожари!
Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен – соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното.
– Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман на 23 лица за превенција од пожари на територијата на Општина Кочани со ридско-планинскиот регион – додава Крстевски, истакнувајќи ја реалната потреба од вработување на нови 15 професионални пожарникари во Територијалната противпожарна единица – Кочани.
– Исто така ја користам можноста да потсетам дека Општина Кочани веќе пет месеци чека Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања во новата детската градинка „Детелинки“, за коишто се планирани финансии во буџетот. Ја повикувам Владата час поскоро да ја реши неизвесноста на над 200 родители чии деца се на листата на чекање за згрижување во новата кочанска градинка – потсетува Крстевски.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…