Врховен суд пресече: Груевски е во право – ќе се преиспитува пресудата за „Плацеви на Водно“
Врховниот суд соопшти дека е оформен предмет и ќе се постапува по поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Плацеви на Водно“ од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.
– На ден 10.07.2023 година до Врховниот суд на Република Македонија доставено е Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“. По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување, се неведува во соопштението од Врховниот суд.
Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Две години затвор за Пеце Матевски, условни…
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…