Врховниот суд образложи зошто на Северина и е одземено старателството

t

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на малолетниот Александар Поповиќ на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, што значи дека целосно и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина.

Откако Жупанискиот суд во Сплит донесе одлука во август 2021 година старателството на малолетниот Александар да го подели меѓу таткото Милан Поповиќ и мајката Северина Вучковиќ, новата пресуда на Врховниот суд открива дека Поповиќ повторно го презема целосно старателството без да го дели тоа со мајката Северина.

-Ваквата одлука на Врховниот суд е донесена единствено затоа што во 2019 година, кога детето било трето одделение, не одело на училиште 46 дена, туку било на турнеја на Северина, па таткото, подоцна, кога детето било кај него, се ангажирал за момчето да не падне одделение, вели изворот на српските медиуми.

Се наведува дека кога сето тоа го разгледа Основниот суд, пет судии едноставно гласаа дека нема друга опција.

-На Северина не и беше целосно одземено старателството, но судот и ги намали деновите на пејачката. А зошто судот го ограничи времето кога таа ќе биде со детето? Само затоа што советот од пет судии оценил дека Северина била несовесна мајка затоа што не го однела синот на училиште цели 46 дена, заклучува изворот.

Инаку, од пресудата се гледа дека никој од вештаците во случајот Поповиќ-Вучковиќ не бил сослушан, туку судот ги поседувал писмените наоди и мислења на вештакот. Обвинителот немаше забелешки на истото, а обвинетиот се спротивстави на наодот и мислењето, што секако влијаеше на расплетот на овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пратка со рози откриени 100 килограми…

Во патка со рози што од Колумбија…

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис…

Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп вети по 5.000 долари за секој…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му вети…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…