Гајдов: Проширувањето на ЕУ го прави Америка, Европа не сака да се проширува
Љубомир Гајдов во емисијата Студио 10 рече дека најголемиот потрес во Европа бил кога Макрон го распуштил Парламентот за споствен спа по катастрофалниот пораз на изборите. Гајдов смета дека во пресметките во ЕУ до крајот на векот, Европа ќе мора да увезе сто милиони странски работници за да работи стопанството.
– Тоа е неминовен процес. Општа паника на Балканот е заради непроширувањето. Европа не сака да се проширува, туку тоа го прави Америка од своите глобални интереси заради влијанието на Русија. Тоа го прават за да не дојде Путин со милијардите од Кинезите и сака целиот Западен Балкан ќе го втурне во ЕУ до 2030. ЕУ најавува дека Молдавија и Украина се подготвени за преговори. Тоа е политичка одлука. На Босна и дадоа статус на кандидат исто како и на Косово што наскороќе добие таков статус. Војната во Украина за нас е среќна околност зошто ќе се забрза процесот. Америка не дава пари, туку оружје. Затоа Германија и е во криза, зошто 100 милијарди долари мораше да ги однесе за оружје во Украина. Во Франција се укинати субвенциите на земјоделците и тие штрајкуваат. Америка погрешно процени дека со испораката на оружје ќе го симне Путин. Си направија мечешка услуга, се формираше Брикс и Америка остана со Западна Европа. – вели Гајдов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…