Генерален штрајк сепак ќе има? Владата и СОНК се договорија да се договорат
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерот за финансии Фатмир Бесими, се сретнаа со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), предводена од претседателот Јаким Неделков во која учествуваа и членови на Советот на овој синдикат.
На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори, информираат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
