Гласен текстилец: Имаме збунета влада – Се исплаќаат плати од 2 денари!
Зголемувањето на минималецот го притиска стопанството. 90-те илјади вработени кои сè уште не добиле плата за април ја прикажува реалната слика во која се наоѓа бизнис заедницата, велат од Организацијата на работодавачи. Минималната плата беше избрзан потег бидејќи фирмите имаат големи проблеми со ликвидноста прво поради пандемијата, а потоа поради кризата во енергетиката, поскапувањата на горивата и војната во Украина.
„Факт е дека многу компании излегоа погодени од корона кризата, многу од нив имаа проблеми со напуштање на луѓе и затворање, потоа се надоврза цена на струјата и се разбира минималната плата како голем притисок врз нашите трошоци за работење. За жал Владата се натпреваруваше со некој политички партии кои побрзаа да излезат со предлог до за 18 илјади денари минимална плата до Собранието и тој натпревар испадна на грбот на стопанството“, рече Ангел Димитров- Организација на работодавачи.
Први коишто алармираа за непочитување на минималецот беа од организацијата Гласен текстилец претходниот месец. И за нив минималецот не функционира бидејќи системот на УЈП дозволува да се исплати плата за полно работно време и во износ од 2 денара.
„Имаме збунета влада којашто носи политики од денес за утре… Законот за минимална плата којшто оди преку системот УЈП не е исправен. Поминуваат плати од 2 денари, 100 денари и под минималец…“, рече Кристина Ампева, Гласен Текстилец.
Рокот за исплата на априлската плата помина на 15 месецов. Според податоците на УЈП, 90 илјади работници ја чекаат платата за април, а мартовска плата сè уште чекаат да земат над седум илјади работници. Дел од работодавачите се соочиле со опомени а дел со блокирани сметки бидејќи и покрај опомените, не исплатиле плати на вработените.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…
Владата донесе одлука за престанок на мандатот…
На денешната седница, Владата ја разгледа и…