Голема акција во Турција: Уапсени се 33 лица, подготвувале терористички напади
Турската полиција приведе 33 припадници на ДАЕШ* (Исламска држава) кои наводно подготвувале напади пред претстојните локални избори во таа земја, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Локалните избори во Турција се одржуваат на 31 март.
Припадниците на антитерористичката полиција открија, за време на рација во Сакарија во северозападна Турција, оружје, пари и документи за организацијата на нападот, пренесува АП.
„Нема да толерираме терористи. Нашите безбедносни сили ќе ја продолжат својата неуморна борба“, рече Јерликаја.
Оваа група обезбедуваше луѓе за учество во воените зони и обезбедуваше финансиска поддршка за Даеш. и тие оперирале од нелегални џамии и верски училишта, според АП.
Во последните 10 години во Турција се случија неколку напади поврзани со оваа терористичка организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…