Големи мажи: Насилници од Ресен грабнале жена и ја тепале
Тројца жители на Ресен насилно влегле во домот на 34-годишна жена од градот, поранешна девојка на еден од осомничените, по што ја тепале жртвата во нејзиниот, но и во нивниот дом, каде исто така насила ја одвеле, соопшти полицијата.
„На 20.06.2022 во Ресен, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен ги лишиле од слобода Б.Ц., А.Ц.(19) и И.Ц.(50), сите од Ресен. Тие се сомничат дека на 19.06.2022 со употреба на сила влегле во домот каде престојува 34 годишна жена од Ресен, поранешна девојка на Б.Ц, физички ја нападнале и со употреба на сила ја однеле во нивниот дом каде што повторно физички ја нападнале“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против тројцата осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан тинејџер со автомобилот се забил во…
Тинејџер од Ресен возел под дејство на…
Водата во Ресен привремено не е безбедна…
Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот…
Водата во Ресен привремено не е за…
Информација за обилните врнежи на територијата на…
Возач во Ресен управувал возило со 2,79…
Лишен од слобода возач во Ресен, управувал…
Протестите за шумата над Љубојно се проширија…
Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да…