Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост
Силно невреме ја зафати Западна Италија, а како што јавуваат медиумите најлошо било во регионите Пиемонт и Лигурија каде се забележани поплави кои уништија мостови.
Во Пиемонт реки се излеаја на улиците на Торино, а реката Херардо урна мост во селото Џордани, поради што неколку околни села беа отсечени од светот, јавува државната агенција Анса.
Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и јадранското пристаниште Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот сообраќај. Во Венеција, пак, плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, па се огласија сирените.
Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасностите од поплави.
Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и силниот дожд во западна Лигурија предизвикаа паѓање на дрвја, билборди и летниковци. Многу области се поплавени, а нивото на реките се зголемува и во Ломбардија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…