Голем успех за Лина: Ѓорческа го освои првиот трофеј годинава – во двојки во Сплит!
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа дојде до својот 13-ти трофеј во кариерата, а прв годинава, откако во двојки попладнево со словенечката партнерка Вероника Ерјавец го освоија ИТФ-турнирот во Сплит.
Ѓорческа и Ерјавец во два сета за 63 минути, ја победија словенечко-хрватската комбинација Ника Радишиќ-Тара Вурт со 6-1, 6-4 и така македонската тенисерка дојде до прв трофеј во оваа 2023 година. Лани го освои Хераклион, а во кариерата од 2012 година наваму освои 12 трофеи на ИТФ-турнирите.
Ѓорческа и Ерјавец ги здробија противничките во првиот сет откако после почетните 1-1 веднаш направија брејк и потоа во серија освоија уште четири гема за да поведат во финалето, а во вториот сет во петтиот гем направија брејк за да поведат со 3-2, па дојдоа и до 4-2, но брзо потоа прокоцкаа сѐ за противничките да се вратат до 4-4. Сепак, со рибрејк македонско-словенечкиот дубл повторно ја врати предноста, а потоа и ја запечати победата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…