„Гоце Делчев е симбол на МАКЕДОНИЗМОТ, и му пречи на „северномакедонизмот“

t

Според историчарот Митко Панов од институтот за национална историја, Гоце Делчев е на удар затоа што може да се каже дека тој му пречи на северномакедонизмот.

– Гоце е симболот на македонизмот, односно на македонството и токму од тие причини се настојува заедно тој да се чествува, но не само Гоце туку и сите други историски личности кои се поврзани со Македонија, сега треба да им се даде нов контекст, а со тоа всушност да покаже дека македонската нација е измислена во титова Југославија, некаков вештачки конструкт, со историја заснована на фалсификати. Тоа современата наука потполно го негира – изјави Панов во студиото на Утрински печат.

Тој смета дека и дека не е умесно да се одржува заедничко чествување на историски личности, кога едната страна не ја признава другата. Тој истакна и дека Заедничката комисија за историја на Македонија и на Бугарија, во препораките го дава исклучиво бугарскиот наратив.

– Комисијата во препораките си даде исклучиво бугарски контекст на мисијата на Кирил и Методи, не спомнувајќи ја никаде Македонија, дека се родени во Македонија. Значи се исклучува целосно македонскиот контекст, а се дава исклучиво бугарскиот поглед на историјата – додава Панов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се…

Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување…

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…

Француски војници со месеци во Украина во…

Мали групи француски војници веќе неколку месеци…

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…