Го купуваат за 35 денари, а кило ориз во продавница се продава по цена и од 100 денари

t

години наназад. Ова влијаеше на намалување на производството на речиси сите земјоделски култури. Според експертите, земјоделците се уценувани од откупувачите и мораат да ги продаваат производите по пониска цена, поради што немаат финансиски средства за вложување во зголемување и модернизација на производството. Тие се изненадени од цените во продавниците и во маркетите, па прашуваат како е можно оризот во маркетите да се продава над 100 денари, а од земјоделците да се откупува по 35 денари за килограм. Слични разлики меѓу откупните и продажните цени има и кај други земјоделски производи – пиперките, краставиците, бостанот, дињите, пченицата чие производство чини 17 денари, а се продава по девет денари за килограм, пренесува Вечер-прес.

Овие податоци, како што велат експертите, ја покажуваат реалната слика во македонското земјоделство, односно кој заработува, а кој само вложува труд што не може да го наплати.

-Проблемот со ниските откупни цени на земјоделските производи се провлекува со години и никако да се реши. Во државата прекупците и трговците се тие што заработуваат, а земјоделецот не може да си ги покрие ниту трошоците за орање, копање, ѓубрива, работна рака….Трговците само ги уценуваат земјоделците и го собираат кајмакот. Не можам да разберам како оризот во маркетите се продава над 100 денари, а од земјоделците се откупува по 35 денари за килограм и го уценуваат дека не е квалитетен. Истото го прават и со доматите, пиперките, краставиците…, изјави за весникот ВЕЧЕР, Илија Каров, земјоделски експерт и универзитетски професор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД предупредија на веродостојна закана од масовни…

Американската амбасада во Москва објави безбедносно предупредување…

ГАЦОВ: АЛТА банка Битола е македонска банка,…

АЛТА банка АД Битола е македонска банка…

Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…

Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…