Објавено на:

Град Скопје: СДСМ го остави ЈП Лајка во милионски долгови – се работи на консолидација на претпријатието бидејќи било доведено до раб на пропаст

t

Градот Скопје реагираше на како што влеат од таму лажните вести изнесени од советниците од редовите нс СДСМ во Советот на Градот.

Го пренесуваме соопштението во целост:

ЈП Лајка е во милионски долгови трупани од раководството на Шилегов и СДСМ

Советниците на СДСМ кои се дел од Советот на Градот Скопје кои се добро информирани за извештаите и одлуките кои се гласаат на Советот на Град Скопје, би требало наместо да пласираат лажни вести во јавноста, точно да знаат во каква состојба ги остави јавните претпријатија Петре Шилегов кој беше градоначалник од нивните редови.

Граѓаните треба да знаат дека ЈП Лајка и неговата незавидна финансиска состојба е последица на неодговорното работење на претходното градско раководство. Претпријатието е руинирано, оставено со наследени долгови во износ над 10 милиони денари. СДСМ треба да го праша својот кадар претходниот градоначалник Шилегов зошто во ЈП Лајка биле ненаменски трошени средствата за редовно работење, зошто  редовно не биле наплатувани средствата од скопските општини според трипартирните договори,и зошто без мерка се трошеле парите на граѓаните со што е доведено претпријатието во милионски долгови.

Лошото управување и трупањето на долгови без мерка е одлика на претходното градско раководство. Работата на кадарот на претходниот градоначалник резултирало со над десет милиони денари натрупани долгови само за ова јавно претпријатие.

Лага е дека во ЈП Лајка нема хуман третман на уличните кучиња, напротив, кучињата се третираат на најсоодветен начин, но и се работи на консолидација на претпријатието кое претходното раководство го довело до раб на пропаст.

Со почит,

Град Скопје “- стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…

Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…

„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…

ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…

Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…