Граѓаните реагираат: Ќе ги заштитат ли надлежните органи потрошувачите од нетранспарентните наградни игри?!

t

Не престануваат критиките од граѓаните кои се незадоволни од организацијата на “наградни игри” и “среќни извлекувања” од страна на компании и брендови во Македонија.

Фејсбук страната “Политичка Е-банка” објави порака од инбокс во која незадоволен граѓанин кој споменува конкретна компанија која не дава никакви информации за нивната наградна игра и бара од надлежните институции да ги заштитат потрошувачите од ваквите активности на компаниите.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Порака од Инбокс:

Деновиве налетав на известување за наградна игра во „Сетек“ по повод 30 години од постоењето на компанијата. И до тука сѐ беше во ред, сѐ додека не се обидов да се информирам околу наградите. Прво, ми требаше многу време додека откријам што е главната награда. Таа информација единствено ја најдов на Фејсбук профилот на „Сетек“, каде што само е наведено дека главната награда е „опремен стан со сѐ од техника“. Никаква дополнителна информација, ниту каде се наоѓа станот, колкава квадратура има, каква опрема и сл. Не најдов податок ниту за неделните награди што се доделуваат, колку неделни награди има, кои се тие…

Се понадевав дека информациите за наградите ќе ги најдам на официјалната интернет-страница на „Сетек“ каде што се објавени правилата на наградната игра. За жал, ги нема ни таму. Единствено успеав да дознаам дека има вкупно 122 награди и колку изнесува вкупниот награден фонд. Ништо повеќе.

Токму за ова реагирав пред некој ден, за нетранспарентните наградни игри, манипулациите со потрошувачите, копирањето на механиката и комуникацијата на компаниите кои „играат“ според правилата и прописите. Ќе се вклучат ли конечно надлежните институции за да нѐ заштитат нас како потрошувачи? А треба и самите да се освестиме и да ги бојкотираме сите оние што свесно се обидуваат да нѐ изманипулираат. Доста беше. – се вели во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните реагираат: Ќе ги заштитат ли надлежните…

Не престануваат критиките од граѓаните кои се…

Средношколци од Охрид ја направија најдобрата игра…

Средношколците Виктор Попов и Марио Павлески од Охрид, од финалето на…

Подарок за секој хороскопски знак

Пред купување новогодишни подароци консултирајте се со…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…