Грк со „опел“ удрил во два автомобили во Дојран – се здобил со тешки повреди

t

Седумдесетгодишен Грк е тешко повреден откако со „опел“ удрил во две возила во Сретеново.

„На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

5 најчести грешки кога правите пица дома

Пицата што ја подготвувате дома не е…

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила…

Вчера во 16 часот на улицата „Христијан…

РЕЦЕПТ за ТИРАМИСУ СО ЛИМОН: Совршен десерт…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ 2 лимони 4 лажици бел…

Путин вели дека Русија создава тампон зона…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Три лица вчера биле каснати од бездомни…

Три лица биле каснати вчера од бездомни…