Груевски за Лазар Поп Трајков и Коте од Руља: Едниот симбол на херојство, другиот симбол на предавство

t

ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ И КОТЕ ОД РУЉА-два лика во македонската историја, едниот симбол на херојство, другиот симбол на предавство

Оваа година во Октомври се навршија 120 години од убиството на еден од најлегендарните и најавторитетни костурски агитатори и војводи – Лазар Поп Трајков. За време на илинденското востание кое во костурскиот крај трае многу подолго одколку насекаде низ Македонија, загинале многу војводи и комити, но смртта на најхаризматичниот костурски војвода о револуционер Лазар Поп Трајков е различна од другите бидејќи е поврзана со големо предавство за пари од близок пријател и собирец и човек кој бил осуден на смрт од ВМОРО и кој по заслуга токму на Лазар Поп Трајков кој и го внел во Организацијата, бил помилуван. Личност чии лик, дело и име, и покрај тоа што во македонската национална историја имало многу предавници, денес е можеби најголемиот симбол на предавството во македонската историја. Тешко ранет во битка, во пределот на вратот и устата здобиени во една херојска битка која е можеби најголемиот пораз на османлиите за време на илинденското востание, Лазар Поп Трајков доаѓа кај неговиот пријател и соборец Коте од Руља верувајки дека тој ќе го засолни и ќе му помогне да му овозможи лекување, незнаејќи дека во меѓувреме Коте Христов (Константин Христов Саров) сменил страна и почнал соработка со грчкиот митрополит Германос Каравангелис кој имал голема политичко национална улога во тој крај и за да добие парична награда ветена за главата на Лазар Поп Трајков, тој наместо да му помогне, на -1/12 Октомври го убива, му ја сече главата, ја предава кај грчкиот митрополит Каравангелис и ги добива златниците.

Повеќе детали за двајцата и за грозоморното предавство и убиство …
***
Лазар Поп Трајков (1878-1903) е роден во село Д’мбени, егејска Макеоднија, Костурско, во семејството на Поп Трајко кој бил чесен човек и голем патриот. Лазар Поп Трајков го завршил основното образование во своето родно село. Уште од мал, тој пројавува афинитет кон учењето и револт кон неправдите на османлиската држава. Лазар Поп Траков учел во прогимназијата во Костур, а потоа своето образование го продолжил во Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде ја започнува својата револуционерна дејност, станувајќи член на ТМОРО. По завршувањето на гимназијата, станал егзархиски учител во Костурско. Бил учител во родното село Д’мбени каде разбил богата револуционерна дејност од учебната 1896-97 година.

Поп Трајков запичнал интензивна револуционерна дејност во Костурско во периодот од 1898-1899 година. Својата работа како учител, тој ја користел како форма и причина за да ги посетува костурските села и да пропагира револуционерна борба за одлободување.

Поп Трајков е всушност првиот организатор во Костурската околија. Секој шанса ја користел за да основа комитети на ВМОРО во селата. Во редовите на Организацијата тој вклучува неколку стари ајдути како Коте Христов, како и Митре Влаот, повеќе други кои подоцна стануваат легендарни војводи од тој крај и Макеоднски херои како Манол Ризов, Никола Андреев, Пандо Кљашев и др.

За неполна година, тој веќе организирал во секое населено место да има луѓе на организацијата што ја развиваат инфраструктурата на ВМОРО.

Во монографијата за Пандо Кљашев Пандето од Александар Трајковски издадена во 2014 година, авторот повикувајки се на Споменире на Пандо Кљашев издиктирани од него при еден краток престој во Софија на Љубомир Милетич во декември 1904 година а објавени во 1924 година стои: “Во тоа време Пандо Кљашев се среќава во своите спомени дека освен Нелчинов за раководители на Организацијата во Костурско, по предлог на Даме Груев биле инволвирани Лазар Поп Трајков од село Д’мбени и Кузо Поп Стефов од најголемото костурско село Загоричани. Заедно со Поп Трајков, со него одеше и Лазар Москов, исто така роден од селото Д’мбени. Како резултат на нивната забележителна дејност во учебната 1896-1897 година „речиси во сите костурски села имаше по неколкумина во делото “.

Во истат монографија стои: “Во времето кога револуционерното движење во Костурско беше во подем, а Лазар Поп Трајков одеше од село во село и агитираше, а учител во Костур бил поставен Павел Христов – Павлето. Тој бил ополномоштен од Битола да раководи со реонот. За таа цел, кога пристигнал во Костур со Лазар Поп Трајков се договориле помладиот учител (Поп Трајков) да биде подвижен агитатор, а постариот – Павел Христов станал постојан агитатор и деец во Костур. Со своите несебични ангажирања и двајцата агитатори и револуционери придонеле во редовите на Организацијата да се приклучат нови членови, меѓу кои и гркомани, односно македонски патријаршисти. Според Пандо Кљашев тоа било неизбежно, затоа што во Костурско имало многу гркомани-патријаршисти и без нивното влегување во редовите на ВМОРО, „не можеше да се направи ништо посуштествено”. Така веќе во секое костурско село имало и по 20-тина вклучени во Организацијата, без оглед дали биле егзархисти или патријаршисти…училиштата во Костурско се претвориле во револуционерна управа на ВМОРО. Така секој пазарен ден во Костур доаѓале мнозина луѓе – егзархисти, патријаршисти, дури и Власи и се вклучувале во редовите на Организацијата. Во овој временски период тежишната да биде подвижен агитатор на Организацијата паднала врз Лазар Поп Трајков.

За да му се помогне во обемната работа на располагање му биле ставени неколкумина личности од Костурско и Леринско кои знаеле да ракуваат со оружје. Станува збор за Дедо Ицко од леринското село Воштарани, Иван Кафеџијата од Битола, бившите падари (полјаци, односно повикувачи, гласноговорници), Спасо Кономладски и Кољо Вишенски, кои му биле од корист на Лазар Поп Трајков и било како негови курири или како терористи на Орга- низацијата. Покрај нив најчесто по потреба бил повикуван за таа цел Коте Христов од село Руља, бивш ајдук, кој порано поседувал своја ајдучка тајфа, која од време на време се оддавала на кражби. Во моментот тој бил изборот на луѓето во Костурско кои можеле да ракуваат со оружје. Во учебната 1899-1900 година додека Пандо Кљашев го завршувал седмиот клас во Битолската гимназија, Лазар Поп Трајков веќе бил учител во родното село Д’мбени. Истовремено тој бил главен агитатор на револуционерната борба во Костурско. Делумно запоставувајќи ја учителската дејност, Поп Трајков целосно се посветил на револуционерното дело. Во таа смисла, тој одел дури во Леринско за да организира канал за пренесување на оружје и муниција од Грција. Тука околу пренесувањето на пушки и муниција од Кајларско му помагал Дино (Дине) Абдурама.

Лазар Поп Трајков наредил и ликвидација на неколку турски разбојници што го измачувале народот со што стекнал голема почит меѓу населението, но и на предавници.

Во гореспоменатар монографија стои: “Лазар Поп Трајков исто така многу помогнал во ликвидирањето на одделни предавници на македонската револуционерна борба. Таков е случајот на пример со ликвидацијата на двајца чорбаџии од костурското село Загоричани во јули 1899 година. Револуционерната дејност во Костурско делумно замрела кога Лазар Поп Трајков бил фатен од властите со револвер кај себе, печат и расписки од Комитетот”.

Според зборовите на неговиот близок пријател – војводата Пандо Кљашев, “кога ги обиколувал селата, во делото ги вклучувал само најдобрите. Тој бил авторитет за нив и со нивна помош ја наложувал својата волја кога било најпотребно. Поп Трајков бил храбар, кога било нужно се фаќал и за оружјето“. Понатаму, подробно опишувајќи ја неговата револуционерна дејност, меѓу другото, Пандо Кљашев спомнува во своите спомени дека по негова иницијатива во Костурско биле егзекутирани неколку познати турски и албански разбојници.

Освен против османлиската власт, тој се соочувал и со активностите на грчката духовна хегемонија во тој дел од Македонија.

Костурско во тоа време е регион кој преставува етничка граница меѓу Македонците и Грците, па оттука грчката црква била мошне активна во тој регион и нејзините агенти, но под еден вид покровителство на турската власт. Па така веќе од 1904 година четите на Организацијата, паралелно се бореле и со андартските чети како грчки парамилитарни единици, покрај како претходно со османлиите и башибозукот на страна на османлиите.

Тоа е време кога голем дел од Македонците во Костурско се декларираат како Грци (Гркомани), но после неколку посети на Лазар Поп Трајков по костурските села а одкако е затворен тоа го продолжува војводата Васил Чакаларов, како и Павел Христов и Кузо Стефов, бројот на гркоманите се редуцира на многу мал број, па така расте интересот и влогот на грчката црква во тој крај, како и на грчките андартски чети.

Според грчкиот митрополит Германос (Каравангелис) најстрашен борец против елинизмот бил токму војводата Лазар Поп Трајков. По негова наредба во костурско-леринските села се гореле грчки книги во црквите и во училиштата.
Во 1899 година реонските раководители во костурско го назначиле за врховен началник на ВМОРО во Костурско но истата година е уапсен. Како и многумина други костурски револуционери, интелектуалци и војводи, таа година Лазар Поп Трајков се обидел да шверцува оружје и муниција од Грција за потребите на Организацијата во реонот. Меѓутоа, за жал, бил фатен од властите (1899) и осуден на четири години затвор во Корча, од каде е амнестиран и ослободен по две години, па неговите активности и улога ги превзема војводата Чакаларов, а подоцна и Пандо Кљашев. По амнестијата, повторно бил назначен за началник на револуционерните сили на Организацијата во Костурско.

Поп Трајков се вратил од затвор на почетокот на декември 1901 година токму кога Делчев држел собрание со селаните на с.Смрдеш кое во тоа време брои околу 1.500 луѓе. Во мониграфијата за Пандо Кљашев стои: “И додека сето тоа се случувало во Смрдеш, од затвор се вратил најхаризматичниот костурски војвода – поетот Лазар Поп Трајков. Од Д’мбени, родното село во кое штотуку пристигнал ко- га слушнал за Делчев веднаш тргнал за село Смрдеш. Оттогаш меѓу костурските војводи Лазар Поп Трајков бил мошне активен cè до кобната смрт”…”Македонската револуционерна организација посебен статус му отстапила на Лазар Поп Трајков, кој како постар револуционер, останал легален претставник на своето село Д’мбени. Во таа смисла Пандо Кљашев забележал: „Трајков сам го обиколуваше реонот, правеше собранија, формираше раководни групи, разрешуваше разни спорови и т.н. Во иста ситуација беше и Михаил Николов, кој продолжи да учителствува во Костур…”

Пандо Кљашев пишува за идејата во 1902 година во Софија да го испратат Лазар Поп Трајков, за од Гоце Делчев да се изборат да испрати во Костурско искусен воен стратег со цел да ја подобрат воената тактика и техника во околијата. Набрзо Поп Трајков се нашол во Софија решавајќи здравствен проблем и истовремено го издејствувал зацртаното.
Л.Поп Трајков, заедно со Чакаларов и Кљашев како костурски делегати учествуавале на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ кој се одржал од 19 до 24 април 1903 година, каде Л.Поп Трајков бил избран за резервен член во резервниот востанички штаб, за во случај на несреќа (загинување или ранување), тој требало да го замени Анастас Лозанчев. Костурчани биле подржувачи на идејата за востание, затоа што кај нив ситуацијата била многу неподнослива заради постојаните малтретирања од османлиите и предавствата од Грците и гркоманите водени и под покровителство на грчкиот костурски владика Германос Каравангелис.

Во Спомените на Пандо Кљашев има еден интересен детал од Смилевскиот конгрес поврзан со Борис Сарафов. Опишувајќи ја наелектризираната и напната состојба на Смилевскиот конгрес Пандо Кљашев кој заедно со костурчани очигледно имале поголема меѓусебна доверба со Б. Сарафов одколку со Д.Груев вели: „Кога во ваквите убедувања Сарафов виде дека востанието е многу избрзано, а од друга страна знаеше дека во некои места не може да се запре, им се обрати на Лозанчев, на неговите другари и на Груев. Се гледа дека народот не е подготвен за борба и грев да ви е на душата што ќе го уништите. Ете, до каде дојдовте држејќи ги луѓето во неизвесност за вашата работа и за подготовките… Знајте дека востанието е избрзано и тоа побрзо е престап отколку дело за почитување. Иако сето тоа е точно, ние не можеме да се враќаме назад печалбарите дојдоа од туѓина, агитацијата е засилена, затоа сме принудени да го прифатиме, да ги забрзаме подготовките, зашто во спротивно ќе ни ги земат пушките и срамно ќе завршиме”, на што Дамјан Груев повикувајки се и алудирајќи на одлуката на Солунскиот конгрњс само констатирал: „Луѓе, не го губете времето за одговор на прашањата дали ќе има востание, зашто тој е познат бит ти давас! Зборувајте за востание, како и кога ќе го направи- ме, не за денот и за часот“.

Во текот на работата на Смилевскиот конгрес биле составени реонски раководни тела во време на востанието”, кои ќе раководеле во востаничките акции во своите реони. За Костурската околија било предложено следното околиско (горско) раководно тело: Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Лазар Поп Трајков, Манол Розов и Михаил Николов, а за Леринскиот реон: Георги Попанчев, Михаил Чеков, Алексо Поп Настев (Лечо) и К.Груев.

По завршувањето на конгресот, тие се враќаат во Костурско каде на 9 мај 1903 година, Турците прават одмазднички масакар врз населението го палат големото комитско село Смрдеш, (од Смедеш и Д’нбени биле нај револуционерните костурски војводи) масакрираат 85 души мажи, жени и деца. 150 од 300 куќи од селото се запалени, а 100 пушки уништени. Десетина дена подоцна една од четите на Лазар Поп Трајков, Чакаларов и на Митре Влаот се предадени и нападнати над селото Руља, Леринско. Водени од Поп Трајков тие ја одбиваат војската и убиваат 15 турски војници, а даваат само 1 жртва.

На 30 мај 1903 година, на врвовите „Локвата“ и „Вињари“, во близина на село Д’мбени здружените чети на Чакаларов, Пандо Кљашев и Дичо Антонов од 70 души воделе тешка борба против 1.000 души аскер. Од редовите на Организациајта биле убиени 12 луѓе, а од стана на османлиите повеќе од 150, па така таа битка во која е одмазден Смрдеш се смета за најхеројска и најкрвава во текот на предилинденскиот период по која Лазар Поп Трајков создал песна/поема во чест на загинатите- „Локвата и Вињари“ само неколку дена подоцна напишана на рака во воденицата на Ристо Мангов во Берик. На крајот на јуни 1903 година во В’белската планина Во неочекувано пристигнал претседателот на Главниот востанички штаб Даме Груев и членот на Штабот – Борис Сарафов. Средбата била срдечна но и трагикомична. Според зборовите на Пандо Кљашев во неговите спомени еве како течела средбата и воопшто разговорите: „Со нив се сретнавме – јас [Пандо Кљашев], Чакаларов, Поп Трајков и Розов. Груев имаше недоверба кон костурчаните, така што меѓу нас се случи едно мало недоразбирање. Груев и на конгресот во Смилево рече дека нема доверба во костурчаните. Груев тврдеше дека Коте не бил толку лош човек, дека тој не е агент на грчкиот владика и бараше писмени докази дека е предавник. Јас се налутив и дојде до кавга, поради која на Груев не му ја објаснивме состојбата во реонот, а одделно cè му кажавме на Сарафов.

Сарафов потврди дека Коте и него го предавал и дека Груев не треба да инсистира. Се спречкаа Сарафов и Груев. Груев рече: Коте е светец, но вие го расипавте со клевети. Но, бидејќи инсистирате да се убие, се согласувам, нека се убие: Тоа беше смртна навреда за нас, кои се боревме со Коте, знаевме како е тој, а сега еден началник така да се изрази за него”.

Пред самиот почетокот на Илинденско востание се случила уште една непланирана, според Војводата Пандо Кљашев, сега во режија на војводата Лазар Поп Трајков. Тој со 600 востаници кои носеле 4 востанички знамиња отишол во таборот на Коте Христов, за да му ги простат гревовите. Братски се прегрнале Лазар Поп Трајков и Коте Христов. Поп Трајков, според спомените на Пандо Кљашев тргнувал од максимата „во текот на востанието не треба да има делби”. По таа средба Поп Трајков испратил една чета во торбешкото село Жер- вени, со цел да ги натера селаните-торбеши од тоа село да го предадат оружјето, за да не бидат и понатаму непријатели на Организацијата…”.

***

Коте Христов бил роден 1863 година во костурското село Руља во областа Корешта. Немал образование.
Во 1898 бил ајдутин и неговата ајдутска чета се занимавала со ситни напади, кражби и убиства на бегови од кои населението трпело насилства. Коте и неговата чета ги ликвидирала: Касим бег, Хабедин бег од Костур, Нури беј од Хрупишта, Џемаил бег од Корча, Нури од Лерин и други и тоа создало одредена почит кон Коте сред македонското население во Костурскиот крај во тоа време.

Но ова го привлекле вниманието и на турските власти по што Коте бил заробен, осуден бил на затвор, а казната ја отслужувал во Корча.

Следната година тој излегол од затвор и стапил во контакт со Павел Христов и Лазар Поп Трајков, раководители на Македонската револуционерна организација во Костурско. Тие во согласност со политиката на Организацијата го поканиле да се потчини на нејзините принципи и да земе учество во македонското револуционерно движење.

Во време кога Лазар Поп Трајков е во затвор, и во време на многу зулуми турските бегови и експлоататори, вршени од страна на разни месни насилници главно од исламски елемент, во ситуација кога условите за живеење во Костурско постојано се влошвале, бидејќи тука нападите на арамиските и разбојнички банди кои главно доаѓале од Албанија, од месните турски моќници, како и од месните шпиони, а во правец на заштита на месното население од бројните насилства, кражби, зулуми, силувања, дури и убиства Павел Христов-Павлето во април 1900 година набрзина ја основал првата чета во Костурско. Според спомените на Пандо Кљашев, четата што била формирана во мај 1900 година, ја сочинувале седуммина четници: „Митре Влашето, Демир Кономладски и Христо Цветков, сите од селото Кономлади, Алексо Настев (убиен во Востанието, 1903 година) од село Церово (Леринско), Наќо од Шестеово, Вељо, другар на Поп Трајков, и уште Иван [Ванчо] Бужов од селото Д’мбени“. На чело на оваа прва седумчлена комитска дружина (чета), привремено бил назначен познатиот ајдутски првенец во околината Коте Христов Саровски од село Руља.

Во монографијата за Митре Панџаров Влашето, издадена во 2015 година, од Александар Трајановски во овој дел стои: “За да дејствуваат во илегалност, повеќето од нив веќе извадиле пасоши за да не бидат сомнителни пред властите и за да не настрада евентуално некој невин од нивните семејства. Покрај тоа, за нив била подготвена „арнаутска носија со фустани“, со цел да биде скриен нивниот идентитет, доколку евентуално бидат забележани од властите. Уште недооформена веќе спомнатата Прва костурска чета, првин се зафатила со ликвидирање на најозлогласени- от зулумџија во Костурско – Касим-бег… Задоволството било уште поголемо, затоа што на враќање мртвото тело на агата било носено на коњ низ селата каде што најмногу правел злосторства. Радост и задоволство се читало на лицата на костурчаните поради првата турска жртва во вид на одмазда, што секако е рожба на Организацијата се однесува на Првата чета, која им донела поголема сигурност дека во иднина нема да се прават такви злосторства од страна на еден дел од злобните власти. По овој успешен настан, Пандо Кљашев забележал во своите спомени дека сега веќе „народот се почувствувал посигурно, а Комитетот станал една таинствена сила, кон која почнаа да се приклучуваат” и други лица. Друга позабележителна акција на четата била ликвидацијата во селото Фотиништа на Абедин-бег од Стариот Чифлиг, село на три-четири часа растојание од Костур.”

Така по влегувањето во Организацијата, Коте привремено предводел чета која била формирана во мај 1900 година сè до пристигнувањето на војводата Марко Лерински, кого го испратил Гоце Делчев затоа што бил со офицерски чин, учесник во доста борби и војни, со голема војничка традиција и искуство, а по неговото пристигање Коте со 4 души се одметнал и почнал да го обиколува Костурско. Колебливиот и нестабилен Коте Христов промената ја прифатил со незадоволство и неговото его било повредено. Неговото напуштање станало опасност за откривање на четата па истата Оавел Христов морал одлучил и ја преместил во Леринско.

Но Коте и по влегувањето во Организацијата не се откажал од своите арамиски навики, тој со своите приврзаници повторно почнал да краде, да коли овци и да ги тепа селаните за пари и поради тоа дошол во судир со раководниот кадар на Организацијата, извршувајќи ситни грабежи и изнудувања. Организацијата не се согласува со такви активности на нивни припадници, но бидејќи Четничкиот институт сè уште не бил до крај изграден таквата дејност на Коте некое време била премочно толерирана од страна на Организацијата и затоа Коте и понатаму извршувал разни задачи за неа, како што биле разни ликвидации, пренесување на организациска документација и оружје.

Меѓутоа, Организацијата не можела долго да ја толерира таквата дејност на Коте и по неколку опомени тој бил осуден на смрт, а во октомври 1900 година е извршен неуспешен обид за негова ликвидација.

Во монографојата за Васил Чакаларов издадена во 2014 година од проф.д-р Никола Жежов стои: “Додека престојувал во Костурско, Чакаларов првпат се впуштил и во плановите за ликвидација на гркоманскиот војвода Коте кои на почетокот не биле успешни. Покрај уредувањето на каналот за оружје од Грција, ликвидацијата на Коте Христов од Руља станала една од главните цели на Васил Чакаларов, кој за кратко време ја осознал ситуацијата на теренот во Костурско. Но, во овој временски период, Чакаларов најмногу бил пре- окупиран со анализи и подготовки на планови за уредувањето на каналот за оружје од територијата на Грција што било од суштин- ско значење за вооружувањето на Организацијата…”

Понатаму во истата монографија за Чакаларов, каде се презентирани и факти од “Дневникот на Васил Чакаларов” стои:
“За време на престојот во селото бил повикан и Коте, за кого Чакаларов барал веднаш да му се изврши смртна казна поради неговото дејствување, но Делчев сметал дека треба да се почека. Чакаларов бил упорен и барал врз Коте да се изврши смртната пресуда без никакво одлагање, но сепак било послушано мислењето на Гоце Делчев, кој се противставил на тоа и рекол дека ќе го однесе Коте во четата на војводата Марко Лерински, затоа што според него, сеуште можел да биде корисен. Тоа била една од последните можности Коте од Руља да се казни непречено поради неговата активност во полза на грчката пропаганда. Кога Коте бил изведен пред Гоце Делчев, сите костурски раководители биле едногласни, а особено В.Чакаларов, дека грешките што овој поранешен војвода на ТМОРО ги направил биле огромни и дека треба, недвосмислено и безусловно, да му се изрече смртна казна. Според белешките на Чакаларов за престојот на Гоце Делчев во селото Кономлади, на 24 ноември 1901 година, при разгледувањето на случајот со Коте, веднаш било решено Коте да се казни со смрт поради неговите престапи. Во текот на вечерните часови, според Чакаларов, било свикано општо собрание во селската црква, при што најпрвин зборувал Л. Москов, а потоа долг говор одржал Гоце Делчев. На тоа собрание од страна на Делчев, Чакаларов и Москов биле зачленети 25 души во редовите на Организацијата. Следниот ден, Делчев во придружба на Чакаларов се упатил кон селото Поздивишта, но поради известувањето дека кон селото се упатил аскер и башибозук, Чакаларов, Делчев и соборците морале да се скријат во неколку селски куќи. И додека траела Делчевата мисија во Костурско, обидот за одметнувањето на Коте од Руља од редовите на Организацијата го забележал и грчкиот митрополит Германос Каравангелис, кој веднаш го известил и конзулот во Солун за таа работа, со надеж дека расцепот во ТМОРО ќе го донесел и нејзиното конечно уништување. Со радост, Каравангелис во писмото пишувал дека четите на Чакаларов и Коте се судриле помеѓу себе и имало жртви и на двете страни: во четата на Чакаларов имало пет мртви, а Котевата чета имала само еден загинат. Костурскиот митрополит бил уверен дека такви вооружени судири ќе се случуваат и во иднина и дека со задоволство ќе известува за нив, Ваквиот опис на Каравангелис веројатно бил преувеличен, со цел да се постигне пропаганден ефект, затоа што во реалноста Делчев, кој сè уште бил во Костурско, се обидувал да го врати Коте во Организацијата, или најмалку барем на мирен начин да го отстрани од овој реон. Со текот на времето, сепак, користејќи ги разликите и непријателствата, грчкиот црковен великодостојник успеал на своја страна да го придобие Коте, кој станал орудие на грчката пропаганда во Костурско.

Додека грчката пропаганда земала сè посилен замав, во исто време В. Чакаларов преземал акции за ликвидација на колебливци и шпиони кои работеле против интересите на Организацијата во Костурско. Уште за време на Делчевата мисија, заедно со група од 11 четници, војводата Чакаларов влегол во селото Руља и ликвидирале еден човек кој бил осомничен дека е шпион. В. Чакаларов буквално, предавникот Трајан го исекол на парчиња, а поради таквата жестокост Митре Влаот, кој бил присутен на настанот, „кажуваше дека Чакаларов бил многу жесток човек.” Веднаш потоа четата заминала во селото Кономлади, каде што фатила и казнила три жени-шпионки, а казната била извршена сред село. Според Дневникот на Чакаларов, четата го заклала предавникот Трајан на прагот на неговата куќа, но никаде не споменува дека тој лично го ликвидирал. Инаку, врз основа на претходно постигнат договор, а за да му се замени смртната казна со друга поблага казна, во ликвидацијата на шпионот Трајан требало да учествува и Коте, но тој веќе одамна имал решено да се одметне од Организацијата, така што директно не учествувал во ликвидацијата, иако бил присутен со групата на Чакаларов. Без разлика дали Чакаларов директно или индиректно учествувал егзекуцијат на шпиуни осудени од Организацијата , бројот на предавници или колебливци се намалувал, а со тоа и опасноста од нови афери кои можеле да предизвикаат несогледливи последици за ТМОРО во Костурско. На Мисијата на Делчев и неговата обиколка како ревизор на Организацијата во Костурско требало да предизвика зацврстување и консолидација на Организацијата, но и поттик за вклучување нови членови во нејзините редови. На 29 ноември 1901 година, било одржано собрание во селото Д’мбени во присуство и на Делчев, на кое костурското реонско раководство имало за цел да раскрсти со сите колебливци или тие кои не ги слушале наредбите на Организацијата. Како прв случај кој бил разгледуван, бил случајот со Коте од Руља. На судењето на Коте била донесена смртна пресуда и Чакаларов барал таа веднаш да се изврши, без одлагање. Сепак, Гоце Делчев верувал дека поранешниот војвода на Организацијата може да се поправи и затоа по извесно размислување го помилувал, со забелешка дека треба да го напушти Костурско.
Чувствувајќи ја добрината и великодушноста на Делчев, Коте побарал да му дозволи да отиде во неговото родно село Руља за да се збогува со најблиските. Откако Делчев му го дозволил тоа, Коте од неговото село наместо збогување со роднините, на адреса на Организацијата упатил низа обвинувања и пцости и засекогаш се одметнал од ТМОРО. Костурскиот војвода Чакаларов не можел да му ја прости “слабоста” на Делчев кон Коте. И Анастас Лозанчев како член на Битолскиот окружен комитет на Организацијата, констатирал за Гоце Делчев дека „костурчани го обвинија дека се покажал мек кон Котета од Руља.” Според дневникот на Чакаларов, на судењето на Коте во селото Д’мбени му биле изброени сите грешки и престапи и било истакнато дека тој заслужува смртна казна, што било прочитано во присуство на сите, но сепак му бил подарен животот, под услов да замине зад граница или да биде четник на друго место, а не во Костурско. Коте избрал да остане четник на друго место. За време на престојот на Гоце Делчев во Костурско, Чакаларов речиси постојано бил во негова придружба. Во присуство на Делчев, костурските раководители, меѓу кои и Чакаларов, ја зацврстувале мрежата на Организацијата во Костурско, формирале нови селски комитети, правеле расписки и одржувале собранија со цел да покрстуваат нови членови. До крајот на декември 1901 година Делчев, Чакаларов, Кљашев, Кузо Стефов, Лазар Поп Трајков и останатите костурски дејци ги поминале селата Черешница, Вишени и Загоричани. На 23 декември 1901 година, Коте и конечно успеал да побегне од групата четници кои биле негова придружба и со уште неколку пријатели засекогаш да се отцепи од Организацијата.

На 31 декември 1901 година во селото Загоричани, Делчев организирал четничка конференција на раководителите на Орга- низацијата од Костурско и Леринско. На конференцијата присуствувале Михаил Николов, Андреја Кожухаров, Михаил Чаков, додека од војводите учество зеле Марко Лерински, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев, Кузо Стефов и Славејко Арсов. На конференцијата требало да се разрешат повеќе прашања за организациските активности во Костурско и Леринско и на неа очигледно Делчев, и покрај забелешките на некои членови на реонското раководство, пред сè на Николов, веројатно повеќе сметал на Чакаларов, Кљашев и Марко Лерински, затоа што тие за цело време на настанот седеле во негова непосредна близина. Присутните неколку денови разговарале за состојбата во Костурскиот реон и Леринската околија како и за начините за набавка на поголемо количество оружје. Од страна на Делчев и делегатите, му било дадено задолжение на В. Чакаларов да уреди нов канал за достава на пушки од Грција. И според спомените на Михаил Николов, на 2 јануари, за време на конференцијата, било решено „Чакаларов повторно да замине за Грција и да го засили испраќањето на пушките. “Според дневникот на Чакаларов, на 3 јануари 1902 година на конференцијата било донесено решение со кое Михаил Николов и Л. Поп Трајков биле назначени за раководители на Организацијата за градот Костур, Кузо Стефов и Пандо Кљашев за раководители на областа Пополе, додека В. Чакаларов, Митре Влаот и Л. Москов за раководители во Корештата…На 4 јануари (стар стил) 1902 година, по шестнеделен престој, Гоце Делчев го напуштил Костурско и во придружба на четата на Марко Лерински заминал во Леринско. Мисијата на Делчев во Костурско била успешна и влијаела за уште поголемо зацврстување и консолидирање на Организацијата…”.

Еве како е тоа опишано во гореспоменатата монографија за Пандо Кљашев: “По сите овие настани Делчев со леринската придружба на војводата Марко, како и костурската чета со спомнатите костурски раководители и војводи на Организацијата се повлекле во познатото костурско село Д’мбени. И тука како што направиле во Кономлади и Поздивиште се преповториле повеќето спомнати револуционерни активности. Се казниле или им биле простени гревовите на оние што направиле извесни гревови, или се огрешиле спрема делото на Организацијата. Во врска, пак, со толку пати актуелизираното нерешливо прашање околу Коте Христов, дали конечно да се казни и егзекутира, Гоце Делчев заклучил дека Коте секако заслужува смртна казна, но сепак сметал можеби „дека ќе се соземе и дека во иднина ќе биде добар работник и за тоа му простува“. Тоа доаѓало и оттаму што самиот Коте во миговите на решавањето на неговата судбина, ги признал своите грешки, јавно се извинил, велејќи „дека дотогаш немало некој кој да му објасни дека толку била сериозна одговорноста“. По овие спектакуларни извинувања, „ветил дека во иднина ќе биде послушен”. Сепак, со цел да се следи неговото понатамошно однесување, евентуално да не се преповторат неговите грешки, Делчев решил да го поведе со себе Котета месец-два, за да го превоспита, па потоа ќе го врател назад. И во Д’мбени, откако биле разгледани извесните гревови и непринципиелности на одделни четници, откако сите прашања подробно се разгледале, се дошло до разјаснување, помирување и опростување меѓу нив”. На одлуката на Гоце Делчев за помилување на Коте Христов влијаело и што истиот во меѓувреме се приклучил на една акција на Органзиацијата кога со цел да се одвлече вниманието на аскерор од присуството на Делчев и другите во Костирско , било решени да се нападне татко му на предавникот Трајан од Трново, што секако го омекнале Гоце Делчев и го направило склон да го помилува престапникот Коте Христов и сакал да го понеси со себе околу 2-3 месеци заради превоспитување.

Сепак по неуспешениот обид за ликвидација Коте стапил во контакт со костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис по што станал негов поданик и соработник, при што Каравангелис му ветил водечка улога во грчките структури во тој крај, побарал од него да се откаже од зулумите и пљачкањата и му ветил месечна надокнада за неговата активност. Каравангелис успеал со интрига и поткуп да придобие уште неколкумина, како селскиот водач и месен учител Геле, Вангел Плачков од леринско, неговиот братучед попот Илија кого Чакаларов го ликвидирал и други за што Каравангелис поопширно пишува во неговите мемоари.

Коте ги прифатил барањата на митрополитот, а за возврат од него добивал месечна плата од 10 лири за него, по 2 лири за секој негов четник и неговите двајца сина ги испратил на школување во Атина. Коте и покрај договорот сè уште не застанал отворено на страната на грчката пропаганда, продолжувајќи ја својата дејност во Организацијата. Од тој момент па се до неговата смрт Коте Христов седел на два стола.

Коте Христов во почетокот на 1902 година морал да се појави пред револуционерниот суд на Организацијата, каде што бил осуден на смрт. Сепак по извршени влијанија во корист на Коте, а пред се заради неговите претходни активности Гоце Делчев го помилувал откако добил ветување од Коте дека ќе се поправи.

Слично како и во 1901 година и во 1902 година имало повеќе неуспешни акции за ликвидација на Коте пред се од страна на Васил Чакаларов и неговата чета. За тоа колку ситуацијата била закрвена преку цитат и опис на една неуспешна акција на Чакаларов извадено од гореспоменатата монографија за Чакаларов за една таква акција:
“Во средината на летото на 1902 година, Васил Чакаларов ги засилил акциите за конечна ликвидација на четата на Коте од Руља. За таа цел, четата на Чакаларов подолго време го следела движењето на Котевата чета, која претежно влегувала само во дел од костурските села каде што имала приврзаници од редовите на грчката пропаганда. По неколкудневно следење, Чакаларов со своите соборци ја заобиколил четата на Коте, на 19 август 1902 година во шумскиот предел во атарот на селото Ошчима, Костурско. Во текот на целиот ден околните планини одекнувале од пукотници, при што биле убиени неколку борци од четата на Коте, еден дел му се предале на Чакаларов и на неговата чета, но Коте од Руља повторно успеал да се спаси и да побегне, Според дневникот на Васил Чакаларов, четите на Организацијата добиле информација дека Котевата чета ќе се обиде да стори нешто во селото Кономлади. Поради тоа, Чакаларов со четата најпрвин влегол во селото Кономлади, но откако не успеал да влезе во трагата на Коте, костурскиот револуционер ја насочил четата кон селото Статица, каде што гркоманскиот војвода имал некои свои соработници. Конечно, на 18 август 1902 година, Чакаларов успеал да му влезе во трагата на Коте, откако неколку четници од неговата чета дознале дека гркоманскиот војвода зел храна од селото Ошчима и со својата чета се упатил кон околните селски ридови. Следниот ден, на 19 август, Чакаларов ја распоредил четата над селото Ошчима и го чекал Коте на местото каде што претпоставувал дека ќе помине. Во акцијата за ликвидација учествувале војводата Папанчев, Христо Силјанов, Пандо Кљашев, Васил Чакаларов и уште неколкумина четници.Но, претходно, додека доаѓал кон местото на заседата, Коте од некои селани дознал дека Чакаларов го чека и затоа гласно почнал да зборува за да го слушнат неговите четници. Наеднаш Коте почнал да пука кон позициите на Чакаларов и соборците. Започнала жестока престрелка и вербални извици помеѓу противставените чети. Чакаларов на глас ги повикал Котевите четници да се предадат велејќи им дека тие не се виновни, освен Коте и Геле како нивни водачи. Под силната стрелба на Чакаларов и неговите соборци, дел од Котевите четници започнале да ги напуштаат одбранбените позиции и да се предаваат. Но, Коте уште давал отпор. По извесно време, четата на Коте започнала да се повлекува кон планината и Чакаларов помислил дека борбата завршила. Но, во погорните делови на планината дел од четниците на Коте уште давале отпор. Чакаларов, војводата Папанчев и Никола Андреев со неколкумина четници, уште еднаш ги нападнале позициите на Коте. Коте уште еднаш успеал да се извлече од четите на Организацијата и да помине неказнет. Битката завршила со победа на Чакаларов и на неговите соборци, иако Коте не бил ликвидиран. Во престрелката биле убиени двајца четници од четата на Коте, двајца биле заробени, додека групата на Чакаларов немала човечки загуби. Според спомените на Анастас Јанков, Чакаларов со чета од 70 души конечно решил засекогаш да се пресмета со Коте од Руља, при што во битката четата на гркоманскиот војвода била заобиколена, а четата на костурскиот војвода успеала да убие двајца четници на Коте. Сепак, и покрај фактот што Коте не бил ликвидиран, оваа битка покажала дека четите на Организацијата во Костурско се многу поцврсти и дека, под водството на Чакаларов, тие успешно се борат против грчката вооружена пропаганда. В.Чакаларов имал голема улога во воспоставувањето на надмоќта на Организацијата во Костурско. Неговиот авторитет влијаел населението во голем дел да застане на страната на Организацијата, со што Костурско се претворило во бастион против грчката пропаганда. Понатамошното прогонување на гркоманскиот војвода било спречено од новите премрежија низ кои поминувал Чакаларов — врховистичката мисија на Анастас Јанков. На 26 август 1902 година, Чакаларов со четата заминал за селото Поздивишта, каде што за да се зацврсти вербата во Организацијата решил да казни неколкумина селани кои биле приврзаници на Коте и на ликвидираниот Поп Илија. На свиканото собрание, Чакаларов од името на Комитетот го казнил брат му на Поп Илија со 25 удари со стап, Крсто Демиров кој бил приврзаник на Поп Илија бил казнет со 30 удари со стап и уште со 15 поради неговото другарување со претставници на турската власт, Георги Гучевски со 20 удари со стап затоа што бил пријател и на Коте и на Поп Илија, на Илија Хаџов му била простена смртната казна затоа што ветил дека нема да се дружи со Коте, но бил казнет со 20 удари со стап, Ване Саријата бил казнет со 15 удари со стап затоа што сакал да побегне со турската војска и Вани Плиоко со 15 удари со стап затоа што тепал две жени и зборувал против Организацијата. Чакаларов пред присутните селани објаснил зошто Организацијата ги ликвидирала Поп Илија и Ѓамчето и дека Грците заедно со владиката работеле против ослободувањето на Македонија…”

Така што и покрај помилувањето Коте брзо се откажал од Органзиацијата и уште на горе споменатата обиколка на селата во Костурско во декмври 1901 година и правње собири со селаните Коте како што веќе видовме се откажал од Делчев. Во монографојата на Пандо Кљашев стои: “За време на престојот во тоа село војводата Митре Панџаров добил писмо и известување дека секогаш проблематичниот Коте Христов се откажал од Гоце Делчев воопшто од Организацијата и јавил дека не сакал да го слуша и придружува”.

Коте продолжил со својата не соодветна дејност и во август 1902 година повторно е направен обид за ликвидација на Коте во селото Ошчима. Обидот бил неуспешен. Веднаш потоа во август 1902 година Коте се приклонил на Атанас Јанков испратен од врховниот македонски комитет под раководство на пробугарските Цончев-Михајловски во неуспешен обид да предизвика востание на кого му се придружил Коте, откако Јанков неуспеал да се договори со раководитрлите на Организацијата, но нивните заеднички напори не биле успешни бидејќи немале сила и биле разбиени од турските сили.
Еве што за ова стои во спомнатата монографија за Чакаларов:

“…За кратко време, В.Чакаларов успеал да ги открие плановите на Јанков. На состанокот на 2 септември, откако Чакаларов дознал дека се уште нема позитивен одговор од раководството на Битолскиот револуционерен округ, им се обратил на луѓето на полковникот Јанков и им објаснил дека Костурско не е подготвено и нема да се крене на избрзано востание организирано од Врховниот македонски комитет. Состојбата можела да ескалира по најавите на Јанков дека ќе го викне гркоманскиот војвода Коте и ќе бара помош од него, на што В. Чакаларов му се противставил. Чакаларов бил дециден дека со Коте, кој се огрешил од сите закони на ТМОРО, нема да крева никакво востание. Овие дискусии ги заостриле односите меѓу костурските војводи и полковникот Јанков. На Чакаларов неколкумина селани од Кономлади, му соопштиле дека Јанков „на големо“ зборувал пред селаните за кревање востание и дека му пратил писмо на Коте да му се придружи во претстојните борби. По ова сознание, Чакаларов веднаш му пратил писмо на Јанков во кое му забележал дека не смее да го поканува Коте кој се имал огрешено и бил казнет од Организацијта и уште еднаш го опоменал врховистичкиот војвода дека смее ништо да презема без одобрение од Битолскиот окружен комитет. Јанков ги отфрлил ваквите барања на Чакаларов. Ваквиот развој на настаните, внел уште поголема недоверба помеѓу Чакаларов и Јанков. На втората средба во селото Кономлади, недовербата се манифестирала до тој степен што врховистичкиот војвода не сакал да седне на заедничка вечера со Чакаларов и соборците, поради страв да не биде отруен. Анастас Јанков седнал да вечера со Чакаларов и неговите соборци дури кога му било дозволено да јаде од истата храна која ја јаделе Чакаларов и неговите комити. Разговорите што се воделе помеѓу В. Чакаларов и Анастас Јанков пред селаните биле со остри тонови. Врховистичкиот војвода уште еднаш изјавил дека тој и неговата чета се дојдени во Костурско за да кренат востание, на што еден од Чакаларовите комити остро му одговорил дека „Македонија не сака да ја ослободува бугарската војска и бугарските офицери и бугарскиот кнез, таа ќе се ослободи сама и откако ќе се ослободи – нема да храни офицери и чиновници…”

Контактите на Коте со грчката пропаганда како и здружувањето со полковникот Јанков, придонеле во април 1903 година да дојде до потврдување на смртната пресуда на Коте од страна на костурското раководство под притисок на Пандо Кљашев и Васил Чакаларов, и покрај спротивставувањата на Даме Груев и Лазар Поп Трајков кој се трудел и покрај сѐ да му помогне на Коте.

Сепак и покрај таа пресуда, во текот на Илинденското востание Лазар Поп Трајков кој бил назначен за војвода на голема казнена чета, заедно со Лазар Киселинчев, Иван Попов и Манол Ризов во село Руља се помириле со војводата Коте Христов, при што Коте ветил дека ќе биде верен на Организацијата и дека ќе земе учество во востанието. Поп Трајков му ги простил грешките на Коте и го ангажирал во востаничките борби.

Така Коте бил помилуван по втор пат со директна заслуга и одлука токму на Лазар Поп Трајков, со што на некој начин спречил Организацијата повторно да се обиде да го ликвидира. Коте сеуште уживал авторитет меѓу населението поради поранешните ликвидации на разните турски зулумџии и насилници. Тој потоа имал уште една голема битка против Турците по што се повлекол во својот реон.

***

На почетокот на Илинденското востание, Лазар Поп Трајков го напишал краткиот повик, кој куририте го разнеле по селата и во него се повикува целото население на востание: „Востанието е објавено денес. Македонија е во отворена борба со тиранот. Отаде Вич борбата почна денес утрото. Ги каниме сите што можат да носат оружје, според направениот ред, да влезат во редовите на борците! Да живее автономна Македонија! Да живеат борците!”

Во текот на востаничкиот период Лазар Поп Трајков заедно со Чакаларов, Кљашев и над 2.000 востаници со нив имале повеќе многу успешни подвизи против османлиските сили и башибозук силите, во епски и херојски битки во Костурско а потоа одкако се разделиле на две групи Поп Трајков се упатил кон Леринско па дури стигнал и до прилепско каде се сретнал со Ѓорче Петров кој не успеал во прилепско да крене востание. Неговото присуство и борбите во Мариово го инспирирале Ѓорче Петров, кој бил таму заедно со прилепската чета на Војводите Петар Ацев и Пере Тошев, да ги забележи следниве зборови за четата на војводата Лазар Поп Трајков и, воопшто, за костурчаните: „Грозен впечаток ми направија, бидејќи сите беа парталосани, голи, боси, како Цигани, и насекаде прогонувани од аскерот, а изгладнети како волци. Од 300-400 души, колку што тргнале од Костурско, беа останале до 130 души, а другите се одделувале на групи и се враќале во своите родни места. За разлика од прилепските востаници, овие предизвикуваа восхит кај нас. Тие беа херои, наспроти нашите кои личеа на баби… Еланот во нив не беше убиен”.

Враќајки се назад низ големи битки и предизвици, една од нив е можеби најголемиот пораз на Турците кај мариовското село Чаништа, Мариовско, во која востаниците даваат 4 жртви и 6 ранети, додека Турците имаат 400 мртви, во оваа битка Лазар Поп Трајков е лошо погоден во устата и решава да се врати во Костурско да се лекува. Во Мариово, четата на Лазар Поп Трајков, заедно со четата на Ѓ. Петров, Лука Иванов и на Црногорецот Јово Јовановиќ (160 на број), била нападната од броен аскер, кој броел до 5 000 аскер. Сепак, востаниците храбро го пробиле обрачот во бојот на врвот Маргара кај селото Чаништа на 2 октомври 1903 година.

Во споменатата мониграфијата за Пандо Кљашев стои: “Иако биле заобиколени во обрач во бојот на врвот „Маргара“ кај селото Чаништа на 2 октомври 1903 година, востаниците сепак успеале обрачот да го пробијат. За жал тука во борбите настрадал војводата Лазар Поп Трајков, кој бил тешко ранет во пределот на главата (лицето, односно вилицата, така што не можел да зборува). На средбата со Борис Сарафов на Ниџе Планина на Лазар Поп Трајков му било сугерирано да замине за Бугарија на лекување. На тој предлог на ливче Лазар Поп Трајков одважно му напишал на Сарафов: „Не, мене ме чека пат, ќе се вратам од каде тргнав, ќе појдам да го видам ужасот во Костурско, ќе се вратам кај своите”.
И навистина војводата Лазар Поп Трајков се засолнил во Поздивиште кај свои роднини. Сосема наивно Поп Трајков поверувал дека ќе му помогне во лекувањето Коте Христов од село Руља. Војводата Лазар Поп Трајков не знаел дека во моментот спомнатиов Коте толку целосно беше веќе загазил во елинистички води и се претворил во прав грчки шпион. Во случајот, пак, со Коте Христов му се дала неочекувана шанса и можност да ја покаже на дело својата елинистичка преданост, затоа што жртвеното јагне се наоѓало во неговите раце и во неговото засолниште на планината Лисец на лечење. За својата злосторничка замисла тој го известил својот наредбодавец и финансиер костурскиот владика Германос (Каравангелис). Со негово одобрение, поддршка и финансиска награда од 50 златни турски лири на 11/12 октомври 1903 година, заедно со помошта на друг андартски слуга, за жал и тој од македонско потекло Павле Киров во падините на планината Лисец со Коте му ја отсекле главата на немоќниот војвода Лазар Поп Трајков на спиење. Главата била испратена како пехар до владиката Германос во Костур. Таму главата дури била фотографирана и се прикажувала во повеќе прилики како победоносен андартски трофеј.

Така несреќно го завршил својот живот најспецифичниот костурскиот војвода и поет Лазар Поп Трајков”.
Знаејќи колку му помогнал на Коте, и дека се помирени, сметајки го за близок пријател и соборец, тој побарал засолниште и лекување кај Коте. Откако успева да се врати во родното Костурско, Лазар Поп Трајков решава дека е најдобро да оди да се лекува во селото на Коте Христов.

Дури и Коте му испраќа писмо во кое срдечно го поздравува и го поканува да дојде кај него. Иако Л. Поп Трајков знаел дека Коте има врски со грчкиот владика Германос Каравангелис, тој сепак се препушта на Коте надевајќи се дека заедничката борба за време на востанието ги средила сите недоразбирања меѓу Коте и ВМОРО. Но Поп Трајков не знае дека грчкиот владика веќе го врбувал Коте да работи за грчкиот комитет и дека добива месечна плата.
Како голем борец против грчкото пропаганда и чети во Костурско, Лазар Поп Трајков бил таргет во очите на Грците и тие нуделе се што можеле само да биде ликвидиран. Така, во октомври 1903 година, незнаејќи дека во меѓувреме Коте одлучил конечно да премине на грчка страна, и незнаејќи дека веќе кај Коте засолниште побарал и војводата Спиро Олчев со двајца четници, кои Коте ги разоружал и заробил, Лазар Поп Трајков отишол кај Коте Христов.

Коте го прифатил ранетиот војвода и наместо да му помогне на неговиот ранет другар, соборец и пријател тој му ја отсекол главата и ја пратил кај костурскиот грчки владика Каравангелис, од кого ги добил 50 лири награда.
Како одмазда за овој чин Македонската револуционерна организација ги ликвидирала таткото и братот на Коте во селото Брзеница и повторно по трет пат го осудила на смрт.

По овие убиства Коте се засолнил во Атина кај своите синови, кои таму учеле со стипендии обезбедени од митрополит Каравангелис. Во март 1904 година се вратил во Македонија. Заедно со негови приврзаници формирале база на грчката пропаганда по течението на Рупелска река, каде Коте ја пресретнал првата андарска грчка чета на чело со Павлос Мелас, грчки офицер, еден од првите раководители на грчката вооружена пропаганда во Македонија, член на Елиномакедонскиот комитет, учесник во Борбата за Македонија и национален херој на Грција. Во негова чест е наречена општината Павлос Мелас во Солунскиот округ.

Во 1902 година во Атина бил формиран Македонскиот комитет (Елиномакедонски комитет) на чело со Димитриос Калапотакис. Овој комитет имал за цел засилување на грчката идеја меѓу населението во Македонија и создавање на услови за присоединување на поголем дел од Македонија кон грчката држава.

Калапотакис во согласност со грчкиот премиер Теотолис, во март 1904 година ја испратил првата официјална разузнавачка андартска мисија во Македонија, таа била составена од 4 офицери: Мелас, Папулас, Колокотронис и Кондулис.

Тие во придружба на Коте Христов направиле една поширока обиколка на Корештата и Леринско. По враќањето тие поднеле извештај до грчкото министерство, но нивните мислења биле различни, а таквата разлика завршила со рапсравија меѓу Мелас и Колокотронис.

Папулас и Колокотронис тврделе дека нема услови во Македонија за делување на Елиномакедонскиот комитет, меѓутоа Мелас ценел дека имаат центри, војводи, средства и наделение. Различните мислења придонеле грчката влада сè уште да не се осмелува да презема конкртени мерки во Македонија.

Офицерите во поглед за условите за делување во Македонија биле поделени, меѓутоа Мелас притискал дека треба да се почне со испраќање на грчки чети, кој требало да ја разбијат мрежата на Македонската револуционерна организација и да ги засилат позициите на Цариградската патријаршија во Македонија.

Откако биле извршени сите подготовки, во есента 1904 година андартските чети охрабрени од неуспехот на илинденското востание започнале масовно да навлегуваат во Македонија, а меѓу нив се нашол и Мелас со своја чета.
Пред да навлезе во Македонија му пишал на митрополитот Каравангелис, да му обезбеди дополнително засилување кое би се состоело од месни лица.

По доаѓањето на оваа чета, Коте започнал со гонење дејците од македонското револуционерно движење. На 4 мај, Коте го ликвидарал егзархискиот учител Георги Трајков од селото Трново. Истиот ден, Коте ја ликвидирал жената на свештеникот и тетката на Васил Чекаларов.

Во споменатата мониграфија за Васил Чакаларов а поврзано со Лазар Поп Трајков и Коте Христов стои и следното:
“По повод сè почестите напади врз костурскиот војвода од страна на одредени бугарски политичари и некои македонски дејци, а околу настани што се случувале во предилинденските и илинденските борби, на 14 јануари 1904 година В.Чакаларов упатил отворено писмо до врховистичкиот војвода Јанков. На почетокот од писмото Чакаларов ја изразувал својата огорченост од тоа што низ бугарските печатени медиуми, Јанков ја глорификувал дејноста на одметнатиот Ко- те и неговата улога во македонското револуционерно движење. Чакаларов го потсетувал врховистичкиот војвода дека не зборува за никој друг, но за истиот Коте кој го предал војводата Лазар Поп Трајков и неговата отсечена глава му ја предал на грчкиот владика Германос Каравангелис. Чакаларов му го предочил следново укажување на Јанков: “Ако Вашиот Коте е чист, ако тој е заштитник на поробените, ако тој се бори за правата на народот, не сум јас, а уште помалку Вие човекот што ќе го заштити од неправедни напади. Неговите заштитници ќе бидат народот и делата. Во врска со обвинувањата за тоа дека припадниците на Организацијата не се вистинските борци за слободата на Македонија, Чакаларов во отвореното писмо до Јанков, му напишал: „Вие ме нарекувате мене и другарите предавници и слично само затоа што сме дошле да поминеме неколку месеци во Бугарија, а Коте чиишто деца се стипендијанти во Атина божем останал да го заштитува народот- патриот. Ако тоа може да биде верно за нас, луѓе коишто цели три години непрекинато сме биле среде тој народ со пушка во рака, се боревме со него заедно, оставивме по битолските и костурските полиња и арнаутските краишта, кој брат, кој татко, кој невеста, се најмило и драго со растурени огништа, тоа каков треба да бидете Вие којшто само се врткате низ државата само за да посеете раздори во Бугарија и трескате по весниците и среде бугарската јавност најодвратни обвинувања на наша адреса?… ”

Она што овој пат не успеала да го направи ВМОРО во однос на ликвидација на Коте, иронијата на животот креирала ситуација па го направиле турците.

Набргу по овие настани Коте бил заробен од турските власти. За негово заробување постојат неколку верзии. Според едната во селото Буф Коте со неговите приврзаници опљачкал еден печалбар вратен во селото и му ги земал сите спечалени пари, по што овој го пријавил на битолскиот паша кој под притисок на англискиот конзул испратил сили кои на 9 јуни 1904 година го опколиле Коте и неговите луѓе, и тој се предал без да при и отпор, а во септември 1905 година бил обесен на Ат пазар во Битола од стана на османлиската власт.

Според друга верзија, тој бил предаден од митрополитот Германос Каравангелис, затоа што Коте одбил да го зароби Митре Влаот и затоа што се колебал и постоела можност да се врати во редовите на македонското револуционерно движење. Според оваа верзија, османлискиот одред кој го заробил Коте бил предводен од андартскиот капетан Павел Киров. Според грчката дипломатска документација, Хилми Паша пред грчкиот козул Димитриос Калергис истакнал дека Каравангелис е заслужен за заробувањето и ликвидацијата на Коте.

По Балканските војни новите грчки власти родното село на Коте го преименувале во Котас, во 1995 година неговата куќа била претворена во музеј, а во селото има и негов споменик со натиписот Пионир на Македонската борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…