Објавено на:

Гутереш: Говорот на омраза може да биде насочен против жените, бегалците, мигрантите, родово различните и трансродовите луѓе, како и малцинствата

t

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, денеска по повод Меѓународниот ден на борбата против омразата, истакна дека говорот на омраза е показател за дискриминација, злоупотреба, насилство, конфликти и злосторства против човештвото.

– Како се одвиваше од нацистичка Германија до Руанда, Босна и пошироко. Нема прифатливо ниво на говор на омраза. Сите мораме да работиме на негово целосно искоренување, посочи Гутереш.

Тој додаде дека изминатите месеци зголемен е антисемитскиот и антимуслиманскиот говор на омраза на интернет и во јавните обраќања на влијателни лидери.

– Говорот на омраза може да биде насочен против жените, бегалците, мигрантите, родово различните и трансродовите луѓе, како и малцинствата, истакна генералниот секретар на ОН.

Гутереш потенцира дека државите имаат обврска според меѓународното право да спречат и да се борат против поттикнување омраза, како и да промовираат различност, меѓусебно разбирање и солидарност.

Според генералниот секретар на ОН, најпогодени од говорот на омраза, особено на интернет, се младите луѓе кои мора да бидат и дел од решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…