Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?
Што се крие зад срамниот чин на предавство на националните интереси со изборот на „Казанџи Холдинг“ за партнер за дистрибутивна мрежа? Власта за стратешки партнер избра компанија чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана. И тоа со заобиколување на Законот за енергетика, велат од СДСМ.
„Угледниот „Фајненшл тајмс“ во 2020 година, објави дека Акса е вмешана во плаќање околу 2,5 милиони долари мито на службеници од Гана за да се добие профитабилен договор за електрана. Фајненшл тајмс се повикува на извори од истрага на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) каде што се наведни и друго сомнителни трансфери, меѓу кои и 66.000 долари директно на пратеници во парламентот на Гана. Власта молчи и не одговара на прашањата зошто се заобиколува Законот за енергетика и целата постапка ја тераат без тендерска постапка, тврдат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција реагира по историскиот резултат на АфД:…
Францускиот министер за Европа Бенжамен Адад денеска…
Севернокорејската морнарица доби нов разурнувач, Ким вели…
Севернокорејската морнарица вчера стави во служба нов…
Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе…
Дваесет и петгодишен маж е убиен во…
До 2029 година на Германија ќе ѝ…
Германија до 2029 година би можела да…
Седум аеродроми затворени по ерупциите на вулканот…
Седум аеродроми во Индонезија, вклучувајќи два што…