Даштевски: Пристигнати се вкупно 127 приговори, изборниот ден помина мирно

t

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на денешната прес-конференција информира дека досега пристигнале вкупно 127 приговори за лично избирачко право, од кои прифатени се 113 а одбиени се шест.

– За Маврово и Ростуше вкупно 37 приговори, прифатени 29, одбиени 3. За Тетово вкупно 43 приговори, прифатени 38, одбиени се два. Центар Жупа вкупно 47, прифатени 46, а одбиен еден приговор, рече Даштевски.

Тој информира дека до 18:30 часот во Маврово и Ростуше од запишани 9.948 гласачи, гласале 5.090 односно 51,17 отсто.

Во Центар Жупа од 7.154 запишани гласачи, гласале 3.312, односно 46,30 отсто. Додека, пак, во Општина Тетово од запишани 84.702 гласачи, гласале 27.4476, односно 32,68 отсто.

Даштевски оцени дека изборниот ден помина мирно, без забележителни инциденти.

Тој истакна дека до полноќ треба да се објават првичните неофицијални резултати и тогаш ќе почнат да течат роковите за приговорите.

Во Центар Жупа се гласаше за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. Според првичните резултати кандидатот на СДСМ во Маврово-Ростуше води убедливо пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Пред избори ДИК со сè помалку вработени

Десетици вработени ја напуштиле Државната изборна комисија,…