Две момчиња од Сарај го украле велосипедот пред теретаната во Аеродром, полицијата им подготвува кривична пријава
Полицијата уапсила две 22 годишни момчиња од Сарај, како осомничени дека вчера го украле велосипедот пред теретаната во Општина Аеродром.
„На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот“, велат од МВР.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…