Деведесет пријави за неправилности во здравството
Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани од сите градови, а најмногу од Скопје, досега се евидентирани на веб страницата на Министерството за здравство. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека нивна работа е да процесираат до моментот кога ценат дека навистина во тие пријави има индикации дека треба да се продолжи со постапката.
– Досега само две од 60 процесирани се информации кои имаат индикации за натамошно процесирање. Тоа значи дека за тие информации ние ќе седнеме заедно со институциите кои се поврзани со тие информации да ги објасниме уште еднаш процесите и зошто тоа се случува. Тие не се индикации поврзани со финансиска злоупотреба, туку се поврзани со недоволно оптимизирање на здравствените услуги во тие институции или долго чекање на граѓаните за да добиваат услуга во тие институции односно доаѓате навреме, а добивате услуга по два, три часа – рече Алиу.
Во врска со забелешката на граѓани дека доктори им кажувале дека нема регуларен термин за операција и дека можат да дојдат во приватна здравствена установа каде тие работат дополнително, што им е дозволено со закон, Алиу рече дека работат на 12 закони на кои ќе им бидат направени измени.
– Дел од измените се затоа што законите се во колизија едни со други. Вториот момент е од наодите кои ги имаме во здравствениот систем да може да се подобрат тие процеси или да се отстранат недостатоците во законот. Има закони во кои ќе има мали измени и тие се јасни, а Законот за здравствена заштита е еден од најголемите и најбитен и не сакаме да брзаме со неговите измени – додаде Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…