Демант на лагите на Дарко Димовски: Директорот на Водовод никогаш не издржувал затворска казна – Да не се фрустрира што сопругата веќе нема привилегии

t

Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже, реагираат од претпријатието на изјавата на Димовски дека директорот Митовски издржувал затворска казна.

– Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда.

Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и канализација – Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користи ниту да се богати семејството Димовски.

Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивните хирови и незаслужени привилегии.

Затоа, овој демант може да се смета и официјалнно барање за извинување и повлекување на лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд, реагираат од ЈП “Водовод и канализација”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Поради дефект МНР и зградата А1 без…

Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…

(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…

Скопје влегува во 21 век, жителите на…

Сопиште денеска без вода

Од Водовод Скопје информираат дека населбата Сопиште…