Демократ од Колоради: Трамп е на пат да победи, по катастрофалната дебата не верувам дека Бајден ќе биде реизбран
Американскиот сенатор Мајкл Бенет, демократ од Колорадо, изјави дека не верува оти актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, по неговиот катастрофален настап во минатомесечната претседателска дебата со Доналд Трамп, е способен да победи на претседателските избори.
-Мислам дека Доналд Трамп е на пат да победи на претседателските избори, можеби дури и убедливо и на крилјата на таа победа да ги освои и Сенатот и Претставничкиот дом. За мене ова не е прашање на анкети, не е ни прашање на политиката. Ова е морално прашање за иднината на нашата земја. Белата куќа, од таа катастрофална дебата, според мене, не направи ништо за навистина да покаже дека постои план за победа на овие избори, рече вчера Бенет.
Сенаторот не го повика директно Бајден да се повлече од претседателската трка, но тој предупреди за тоа што е во прашање на претседателските избори во 2024 година и посочи дека контролата на републиканците врз Претставничкиот дом и Сенатот ќе значи американска трагедија.
Бенет рече дека неговите гласачи се длабоко загрижени за неизвесноста дали Бајден може да победи на изборите и ја повика Белата куќа да не ги игнорира тие грижи.
Овие коментари на демократскиот сенатор од Колорадо го потврдуваат извештајот на Си-ен-ен дека Бенет, за време на приватна средба на демократите во Сенатот, им рекол на своите колеги дека не верува оти Бајден може да победи на претседателските избори во ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…