Десет лица загинаа во авионска несреќа во Малезија

t

За време на падот на малиот авион што денеска се урна во малезискиот регион Селангор, загинаа 10 лица – осум во авионот и двајца на автопат, соопшти началникот на полицијата Хусаин Омар Кан.

Тој изјави дека во авионот имало шест патници и двајца членови на екипажот, додека меѓу загинатите има и мотоциклист и возач на автомобил, кои го загубиле животот кога авионот удрил во автопатот.

Министерот за транспорт Ентони Лок рече дека приватниот авион полетал од островот Лангкави и бил пуштен да слета на аеродромот Субанг.

Неколку минути пред слетувањето, авионот излета од курсот и се урна во земјата, рече Лок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

(Видео) Страшен пожар во Малезија: Уништени околу…

Илјадници луѓе останаа без покрив над главата…