Дете и две млади лица повредени во сообраќајка во кумановско
Малолетник и две млади лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила изминатиот викенд во кумановско.
– На 27.12.2025 во 16:15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(58) од Куманово и патничко возило „сеат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(27) од село Конопница, кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 28-годишната Ј.Т. од Скопје, сопатничка во возилото „сеат“, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.Т. и малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Општа болница Куманово, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…