ДЗС доби два нови пилоти за гаснење пожари на отворено

t

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор“ амфибија (што можат да полнат вода и од езера).

Конкретно, од страна на ДЗС, благовремено беа исполнети сите неопходни услови уште двата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март да бидат испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија (АТА Titan Aerial firefightning, Spain).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…

Во овој момент активен е пожарот, кој…