Добра вест: Намалување на цените на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 19.09.2022 година.
-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит и сега ќе изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 22.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,552%, кај дизелот за 4,177%, кај екстра лесното масло за 4,421% и кај мазутот намалување е за 1,503%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,519%. соопштија од РКЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…
Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…
Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги…
Околу 87% од нафтените деривати минатата година…
Владата ги продолжи мерките за горивата до…
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…