Додик: Трамп заслужува две Нобелови награди – за мир и храброст
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес оцени дека, ако поранешниот американски претседател Барак Обама ја доби Нобеловата награда, сегашниот американски претседател Доналд Трамп заслужува две – една за мирот што го носи, а другата за храброст затоа што се спротивставува на силите „кои знаат да зборуваат само со јазикот на војната“.
„Барак Обама ја доби Нобеловата награда за мир во 2009 година – не за она што го постигна, туку за она што светот се надеваше дека еден ден ќе го постигне. Гледајќи наназад, тие надежи се покажаа залудни“, нагласи Додик на платформата X.
Како што изјави, за време на Обама, „светот гореше“ – Авганистан, Либија, Сирија, Ирак, Јемен, и се проценува дека повеќе од половина милион животи биле изгубени во овие конфликти, а милиони биле раселени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на…
Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
14-годишен велешанец пронашол 46.000 денари и ги…
Четиринаесетгодишниот Илија Гигов од Велес деновиве стана…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…