Дождот ја уништи надежта за жетва на оризот во кочанско, во нивите не се влегува
Врнежите од дожд нов удар врз земјоделците од кочанскиот регион. Во нивите не се влегува заради кал, не можат да работат ниту машините, па дел од оризот останува неожнеан. Ова е нов удар велат тие, ситуацијата е катастрофална, со што производството на ориз ќе биде ставено под знак прашалник.
„Нов данок, катастрофа, 50% од родот останува во нивите, 50% ќе се обидеме да го извадиме со комбајните.“ – вели Панов.
Проблем за ваквата ситуација е дождот, велат земјоделците, но од друга страна придонесе и доцната сеидба. Досега оризот требаше да биде ожнеан и соберен во амбарите, но ситуацијата на терен далеку поразлична. Амбарите се полни со ориз од претходната реколта, за што се уште се чека откуп по задоволителна откупна цена. Освен оризот во незвидна состојба се и житариците кои останаа под вода.
„Имаме накаде околу 30% од површините кои не се ожнеани, тие веќе не можат ниту да се жнеат. Комбајните не можат да влезат во нивите и тоа е резултат на касната сеидба. Моментално ќе се прави пресметка на штетите на оризот, и на житариците.
Штетите дополнително ќе се утврдуваат, но истите се огромни, согласни се земјоделците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…