(Документи) На партиските анкети губи Силјановска! Еве зошто беше уапсен Салиу – документите од Белата Палата најавуваат дебакл на Мицкоски

t

Шок и неверување, само вака може да се опише содржината на необјавените докумнти на новинарот Фуркан Салиу кои го уништуваат целиот наратив на Хистијан Мицкоски во предкампањата и во почетокот на официјалниот дел.

Имено во текот на минатата недела новинарот Фуркан Салиу објави шокантни документи за злоупотреба на државниот апарат во партиски цели од страна на ВМРО-ДПМНЕ, преку прибирање на лични податоци на граѓаните од министерствата, докази за нелегално финансирање на политичка кампања како и злоупотреба на јавниот сервис преку објавување на лажни анкети кои за жал ги плаќал македонскиот граѓанин преку општините и буџетот на Македонската радио телевизија.

Неколку дена Салиу беше уапсен за наводен напад на службено лице кој се испостави како чиста лага, настан на кој МВР има испратено најмалку две службени камери, а нема ниту секунда видео кое го потврува тврдењето на министерот Панче Тошковски. Очигледно најавата на Фуркан Салиу во гостувањето во „Тешку Муабети“ за објавување на други детали од оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ пресече во врвот на партијата за утре дента тој да биде уапсен од страна на полицијата на Панче Тошковкси.

Да се потсетиме дека полицијата се обидела да посегне по документите на Салиу, односно неговиот мобилен телефон кој за среќа не успеала да го заплени иако новинарот во тој момент снимал.

Што се обидуваше Мицкоски да прикрие со апсењето на Салиу?

Веројатно најголем шок за македонската јавност и партиското членство предизвикаа внатрепартските анкети на партискиот Институт Љубиша Ѓорѓиевски кои го уриваат целиот наратив на Мицкоски во изминатиот период.

Имено на анкетите на Институтот, Стево Пендаровски води со рејтинг пред Гордана Сиљановска со солидна предност од 3 проценти. Не само што Пендаровски води пред Сиљановска туку кај општата македонска јавност има позитивна перцепција од над 60 проценти кај сите граѓани, а над 50 проценти од граѓаните сметаат дека треба да добие втор мандат.

Овие анкети сработени од партијата пак ги демантираат лажните анкети на ИПИС кои очигледно наместо да го мерат јавното мислење служеа за креаирање на јавно мислење и перцепција за недостижно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Доколку оваа анкета која Мицкоски ја направи за себе лично и никогаш не ја објавил во јавноста е точна тогаш партиското членство непријатно ќе се изненади на 24 април кога е првиот круг од претседателските избори. И не само што непријатно ќе се изненади туку ќе ја загуби и онаа малку мотивација која ја имаше пред првиот круг, што значи можно е Мицкоски да се соочи со дебакл и на парламентарните и на претседателские избори.

Aнкетата е спроведена пред помалку од 3 месеци во период од 20 до 23 јануари 2024 година со употреба на CATI метода и телефонско анкетирање на примерот од 1003 испитаници, доополнително примерот е репрезентативен на секоја изборна единица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…