(Документи) 3aбегана работа: За новиот премиер нов прибор за јадење вреден 37 илјади евра, 88 евра една чинија, а 10 евра нож

t

Новиот премиер во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство. Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. Покрај бела техника набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал, пренесува ММС.

Договорот вреден над 37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

За прибор за угостителство ќе плати над 17.000 евра. Така за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари или 10,4 евра за парче.

Владата набавува по над 30 парчиња од различни ножеви, од ножеви за предјадење до главно јадење и десерт, а најефтините, тие за риба чинат 432 денари без ДДВ. Вилушките се нешто поевтини и чинат од 421 денар за парче или 6,8 евра до 553 денари или речиси 9 евра за вилушка. Лажиците се пак по околу 400 денари без ДДВ за парче. А кристалните чаши пак една чини 343 денари или по 5,5 евра за парче.

Извор: ММС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

(Видео) ДПМНЕ од нашата земја: Заменик министерката…

Заменик-министерката за финансии во техничката Влада, Елена…