Доста ни е од идеолошки зелени глупости: Италија забрани вештачко месо

t

Италија ќе ја забрани синтетичката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на настан овој викенд, организиран од Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР). Тоа е првата земја во светот која се реши на тој чекор.

„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна и сака да стане пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида (Браќа од Италија) за време на видео повик на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: конзервативна иднина за европските фармери“ која ги собра водечките конзервативни политичари.

Тој посочи дека е недозволиво квалитетна храна да се резервира само за богатите.

Европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски (ПиС/ЕЦР) во голема мера се согласи со него, додавајќи дека тој се залага за традиционално земјоделство и дека синтетичкото месо не е месо, исто како што синтетичкото млеко не е млеко.

„Користењето на името „природен производ“ за нешто што е синтетичко, според мене не е добра насока“, рече тој, истакнувајќи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди долари за благосостојбата на животните и традиционалното земјоделство.

Сепак, како што пишува „Еурактив“, земјоделскиот модел што го предлагаат конзервативците е спротивен од оној што го усвои ЕУ, за кој Браќата Италија, водечката италијанска партија, сметаат дека е премногу бирократски и несоодветен за новите предизвици со кои се соочува континентот.

„Фармерите, одгледувачите и рибарите плаќаат многу висока цена за идеолошката глупост на Европскиот зелен договор, според кој производителите се казнети со целите за намалување на емисиите, што само ќе доведе до намалување на производството на храна“, објасни европратеникот Карло Фиданза (Браќа на Италија).

„Намаленото производство на храна ќе биде заменето само со поголем увоз, од земји кои не ги исполнуваат нашите стандарди за одржливост и квалитет, или со производи од лаборатории за кои не можеме ништо со сигурност да кажеме“, додаде тој.

Со цел да се урне сегашниот европски систем, ЕЦР мора добро да се снајде на европските избори во јуни 2024 година и да најде сојузници за да формира алтернативно мнозинство на левицата во Европскиот парламент. „По следните избори, сметаме на сè посилна ЕЦР во Брисел“, додаде Фиданза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Голема акција во Италија: 142 лица се…

Италијанските власти соопштија дека денеска во операција…

Матарела: ЕУ минува низ најтешкиот период од…

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Италија: Зеленски лично го предупредивме лани, контраофанзивата…

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека…