До 26-ти јануари Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка од функцијата премиер

t

Премиерот Димитар Ковачевски најдоцна до 26-ти јануари ќе треба да поднесе оставка од функцијата, за да може да се формира техничката Влада.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите рече дека до него нема известување дека партиите се договориле за датумот за избори. Но рече дека од медиумите е информиран дека тоа може да биде 8-ми мај.

“Ако изборите се одржат на 8 мај како што се пишува во медиумите тогаш на 28 февруари или 70 дена порано треба да се распишат изборите, а на 26-27 јануари да се фирмира техничка Влада. До мене до сега не е стигната информација од партиите дека е договорено изборите да се одржат на 8 мај заедно со претседателските”, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Оставка мора да поднесе премиерот бидејќи согласно Законот за пржинска Влада, треба да се избере нов премиер кој ќе раководи со Владата три месеци пред избори, а тоа најверојатно ќе биде од редовите на ДУИ.

Неофицијално според извори од политичките партии парламентарните избори ќе се одржат ма 8 мај, заедно со вториот круг на парламентарните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…

Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…

Татко од Крива Паланка бил насилен кон…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…