Доjави за бомби во Загреб – евакуирани неколку трговски центри
Полицијата во Загреб утрово нареди евакуација на повеќе трговски центри по пристигнати дојави за наводно поставени експлозивни направи, кои биле испратени на адреси на неколку медиуми.
Според првичните информации, евакуирани се посетителите и вработените од „Arena Centar“, „Avenue Mall Zagreb“ и „City Center one East“, додека полицијата врши проверки на сите локации.
Очевидци наведуваат дека околу 8 часот се слушнале аларми и дека полициски службеници биле поставени на влезовите на објектите, со цел да се обезбеди просторот и да се спроведе проверка.
Од загрепската полиција засега кратко соопштуваат дека постапувањето е во тек, без да објават дополнителни детали.
Се очекуваат повеќе информации по завршување на безбедносните проверки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…