ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина

t

ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина, велат од СДСМ.

– Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Груевски?

Токму тоа го нуди ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации.

Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени.

Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.

Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор.

СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина. – стои во соопштението на владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…