Драматична пресметка кај Велес: Дрвокрадци повредиле шумски полицајци, мавтале со ножеви и моторни пили
Вчера попладнето, полицајци од СВР Велес ги уапсиле С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и еден малолетник, сите од Велес, откако тие биле пријавени од Ф.Ј.(54), вработен во Шумската полиција во Велес, соопшти МВР.
Инцидентот се случил на земјен пат од езерото „Младост“ кон селото Ветерско, додека Ф.Ј. заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи како шумски полицајци. Тие на патот ги затекнале осомничените како бесправно сечат дрва, по што од нив биле физички нападнати.
„Притоа Б.З. користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К., констатирани во болницата во Велес. додека В.В. се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети. Напаѓачите потоа заминале со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки“, пишува во полициското соопштение.
С.З, Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, а предметите од нападот биле пронајдени и одземени.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…