Објавено на:

Драма во Брисел! Словачка ја блокира планираната испорака на оружје за Украина

t

Словачката Влада денеска блокираше голема испорака на оружје за Украина, планирана од претходната влада, во согласност со ветувањата на новиот премиер Роберт Ф– Владата не го одобрува предлогот за подарување воена опрема на Украина во вредност од 40,3 милиони евра, се наведува на официјалната веб-страница на Владата.

Тој предлог за 14-тиот пакет помош подготвен од претходната администрација на Министерството за одбрана вклучува испорака на муниција од 7,62 милиметри и голем калибар за топовите 125 милиметри, како и противвоздушни ракети и мини.

Новата коалиција на Фицо, која дојде на власт на крајот на октомври, најави дека во иднина помошта за Украина ќе биде ограничена на хуманитарна и цивилна помош.

Фицо посочи дека ако некоја словачка компанија сака некаде да произведе оружје и да го достави во Украина, никој нема да ја спречи.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Словачка на Киев му доставила воена опрема вредна 671 милион евра.ицо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Артан Груби утре на судење

Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв…

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските…

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа,…

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу…

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин…

Допирал тинејџерка додека одела пеш, па избегал…

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници…

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово…

во од енергетската ситуација и оценувајќи дека…