Драма која ќе ви ги насолзи очите: После два состаноци се јави љубов на втор поглед помеѓу младиот научник Ковачевски и сопственикот на холдинг за производство на магла Мицкоски
Желбата за соработка во врска со уставните измени, како и понудата двете најголеми партии од “македонскиот” политичк блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од заедничка влада, го инспирираше Божидар Божиновски да напише најава за една серија која, како што вели, ќе ви ги насолзи очите.
-Две семејства, завојувани со генерации. Едно парче земја ги раздели, ги наорави непријатели. Но љубов ќе се роди онаму каде што најмалку се очекува. Кога сите мислеа дека војната меѓу двете семејства ќе продолжи чувствата стапија на сцена. После два состаноци се јави љубов на втор поглед помеѓу младиот научник вратен во својата земја Ковачевски и сопственикот на холдинг за производство на магла Мицкоски. Но дали семејствата ќе ја прифатат нивната љубов? Дали злата пакостничка дуи ќе ги раздели младите? Драма која ќе ви ја заледи крвта, ќе ви насолзи очите и забрза одлуката да се иселите од тука. – напиша Божиновски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Да му помогнеме на Божидар: 12-годишното момче…
Божидар Коцевски има само 12 години, а…