Дресот на Јокиќ продаден за три милиони динари на хуманитарна аукција!
По теркот на милионерите од Запад, во Србија се одржа хуманитарна аукција, на која се наддаваше за спортски реквизити на врвни индивидуалци или екипи од српскиот спорт.
Немаме инфорамција дали имало реквизит од Новак Ѓоковиќ, но претпоставката е дека, ако имало сигурно ќе била тесна борбата за најпосакуван меѓу тој предмет и дресот на Никола Јокиќ од Денвер нагетс.
Славната 15-ка на српскиот центар се продала за три милиони динари (околу 25.500 евра), убедливо најмногу меѓу 28-те предмети ставени на аукција. Втор најпосакуван предмет бил дрес на Црвена звезда, потпишан од сите фудбалери, кој се продал за 703.650 динари, а на трето место бил пакет патување на натпревар на ФК Партизан за 584.400 динари.
Околу 300 умани луѓе присуствувале на свеченоста, која имала цел да собере пари за три социјално загрозени семејства од три различни српски града: Димитровград, Власотинце и Лесковац. Собрани биле вкупно околу 17 милиони динари, што е блзу 145.000 евра.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…