Државен советник во МВР вработувал полицајци кои не ги исполнувале критериумите
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Џ. и В.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
Пријавениот А.Џ., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за правни работи во Кабинет на Заменик на министерот во МВР, во својство на член на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во Министерството за внатрешни работи, на 15.07.2022, при вршење на селекција на пријавените кандидати, своерачно се потпишал на табеларниот преглед – рубрика „исполнува критериуми“ на кандидат за полицаец, иако според податоците кои биле внесени, кандидатот не ги исполнувал условите.
Второпријавената В.Ш., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинет на Министерот за внатрешни работи, во својство на Претседател на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во МВР, не го спречила првопријавениот своерачно да се потпише во табеларниот преглед на постигнати резултати со што дозволила кандидатот за полицаец да биде внесен во ранг листата на кандидати кои поминуваат во следната фаза на тестирање и му овозможиле да биде избран и упатен на основна обука за полицаец во Центарот за обука при МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…