Д Е М А Н Т
Во Вашата емисија „Тешки Муабети“ од 1 јуни оваа година, емитувана на Вашиот портал, како и на вашата facebook страна, без било каков доказ изјавувате дека јас Александар Ивановски сум носител на проект во Карпош за изградба на 28 катница, за потоа во еден невистинит и негативен контекст да се споменува моето име, поради што должен сум на јавноста да и го соопштам следното:
Најостро демантирам дека јас имам било каква поврзаност со споменатиот проект за изградба на 28 катница во Карпош или станбено-деловен објект на локацијата која беше спомената во Вашата емисија. Сите шпекулации кои ги пласиравте во емисијата се неточни и крајно тенденциозни со единствена цел да го нарушат мојот, угледот на моето семејство и реномето на компанијата со која раководам.
Моето професионално и општествено делување е насочено единствено кон домашниот економски развој, постојано се трудиме да инвестираме во воведување на најсовремени и модерни технологии за да обезбедиме сигурни, квалитетни, економични и
функционални објекти, а јас лично го вложувам сето мое знаење и капацитет за внесување на што повисоки стандарди на квалитет во градежниот сектор во земјава.
По однос на Вашите ставови во врска со судската постапка која ја споменавте, сакам да напоменам дека постојат надлежни институции кои ги водат ваквите постапки и Вие како новинар сте должни да известувате на еден професионален па и морален начин согласно доказите со кои сте запознаени и располагате, а не да изнесувате невистини со што директно го нарушувате мојот углед.
За моите лични успеси како и успесите на мојата компанија никогаш не сум побарал, ниту ќе барам привилегии или било каков специјален третман од некого, но секогаш кога во било која конотација ќе се појави медиумска потреба да се спомне моето име очекувам таквото известување да биде пренесено на фер, транспарентен и вистинит начин од страна на медиумите. Воедно од Вас барам во иднина јас и мојата компанија да не бидеме злоупотребувани во било каква медиумска или политичка агенда.
Со почит,
Александар Ивановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…