Еве во каков рај ќе ја минува пензијата Федерер

t

Роџер Федерер пензионерските денови ќе ги помине во Раперсвил-Иона на брегот на езерото Цирих, каде во моментов се гради неговата нова вила.

Швајцарецот поседува имот од 1,6 хектари на брегот на ова прекрасно езеро, за што издвоил неверојатни 45 милиони евра, а на него планира да изгради огромен комплекс згради со големо тениско игралиште.

Интересно е што минатата година проектот беше прекинат бидејќи локалното население на Раперсвил Џона силно протестираше, како и бројни еколошки организации кои тврдат дека на прекрасното езеро му се заканува загадување.

Тој денескана егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.

Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а дуелот започнува во 21:30 часот.

–Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм поседниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е остварување на сонот, изјави Федерер.

Легендарниот швајцарски тенисер во кариерата освои 103 трофеи, од кои 20 грен – слем титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска…

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A…

Родителите на загинатите од Пулс гневни на…

КОЛКУ БЕЗЧУВСТВИТЕЛНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ВАКВА ИЗЈАВА…

Мицкоски: Очекуваме наскоро да почнат преговорите со…

Македонија очекува европските партнери да го вреднуваат…

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК НА НАФТЕНИТЕ ПАЗАРИ: Брент…

Цената на суровата нафта од типот „брент“…

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО…

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните…