Еве што вели извештајот на ЕК за Македонија!
Ферманот од Брисел пристигнува во Македонија. Во него се зборува за тоа каков е напредокот на земјава за членство во ЕУ.
Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА стои дека како земја која преговара со ЕУ, Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во Унијата, вклучително и во областите на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии и јавната набавка.
Нотирано е дека Македонија изминатата година не постигнала напредок во: Судство и борба против корупција, реформа на јавна администрација и демократски институции.
Во документот се посочува дека властите во земјава постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел, но некои чекори како измените во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво, предизвикаа сериозна загриженост.
– Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмаленото справување со корупцијата, вклучително и преку истрага, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, се додава во документот.
Сепак освен овие силни критики кон македонската власт, во Извештајот ЕК и ја пофали македонската владата – за усогласеноста со надворешната политика со ЕУ, како и за генералната посветеност на процесот на ЕУ интеграции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…