Објавено на:

Европскиот парламент одобри помош од шест милијарди евра за Западен Балкан

t

Европскиот парламент денеска го одобри формирањето на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со кој на регионо, му се дава пристап до дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година.
За усвојување на договорениот текст, кој е резултат на институционалните преговори за инструментот гласаа 517 од 603 пратеници на ЕП, 56 беа против, а 30 беа воздржани.
По ова гласање во ЕП се отвора можноста за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.


На 4 април, Претседателството на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за воспоставување на овој инструмент, кој потоа беше поддржан од земјите-членки на ЕУ и комисиите на ЕП за надворешни работи и буџет.
Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан е централен дел од новиот План за раст за Западен Балкан, кој беше претставен од Европската комисија во ноември 2023 година.
Ќе ги поддржи партнерите на ЕУ од Западен Балкан во спроведувањето на сеопфатен сет на социо-економски и фундаментални реформи, меѓу другото во областа на владеењето на правото и основните права, ќе го поддржи процесот на проширување и ќе ја забрза економската конвергенција на партнерите во ЕУ.
Во периодот од 2024 до 2027 година се очекува инструментот да обезбеди до две милијарди евра грантови и четири милијарди евра заеми за партнерите на ЕУ од Западен Балкан со цел да се поддржи Западен Балкан на патот кон пристапување во ЕУ.
Исплатата на овие средства зависи од успешното спроведување на одредени реформи наведени во реформската агенда на секоја земја-корисничка.
Инструментот ќе го надополни постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III) и значително ќе ја зголеми финансиската помош за регионот.
Планот за раст за Западен Балкан се заснова на четири столба, чија цел е да се зајакне економската интеграција на партнерите од Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ, да се поттикне економската интеграција во регионот преку заеднички регионален пазар, да се забрзаат основните реформи и да се зголеми финансиската помош за поддршка на реформите преку Инструментот за реформи и растот за Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…

Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…

Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…

Македонија е трета на Балканот – Слободата…

Слободата на медиумите во светот е на…

ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…